Реакции по повод несреќата на актерката Лилјана Велјанова во МНТ

07.01.2016 14:39
Реакции по повод несреќата на актерката Лилјана Велјанова во МНТ

Кристина Леловац
Сè што на капки и инцидентно допира до јавноста во врска со новиот објект на МНТ е точно!

Кратката приказна за скршениот колк на актерката Лиле Велјанова - иако недораскажана поради експресно испратените деманти од сите засегнати страни, вклучително и од повредената колешка - според која никој не е должен да чувстува одговорност за немилиот настан, е само уште една потврда за тоа дека велелепната зграда, која нè чинеше 40.000.000 евра, секојдневно ги чини моите колеги по малку здравје и живот.

За жал, сè што на капки и инцидентно допира до јавноста во врска со новиот објект на МНТ е точно - и тоа дека во гримиорните нема штекери и тоа дека во тоалетите зад сцена има огромни прозорци покрај кои додека вршите нужда поминува публиката, но и тоа дека скалите под сцената се неосветлени и по нив се паѓа и тркала и тоа дека модулите се спуштаат и креваат на сред сцена и пресекуваат прсти... И така ќе биде сè додека на оние што мислат дека театарот е зграда што ја градат за да си ја користат за собири, прослави, приеми и сликања им се заблагодаруваме што во 21 век имаме гримиорни со клима и парно.

Посакувам колкот на Лиле да заздрави побрзо одошто во МНТ ќе закачат ознаки на вратите, ќе ги осветлат скалите под сцената и ќе го обучат кадарот за ракување со богатата техника.

Сања Арсовска
Пуштете греење во театрите низ внатрешноста!

Не знам како се случила несреќата во МНТ и како е Лиле, се надевам дека брзо ќе закрепне. Она што е важно е дека доколку МНТ има безбедносни недостатоци, тие треба да се решат. Дали е во прашање некадарен персонал или архитектонски дилетантизам, не ми е гајле, нека се реши.

Патем, почитувана министерке, театарската уметност не е зграда, таа е жива материја, мрда и дише и има свој мотор - актерите. Нивната безбедност во театар што сме го платиле 40 милиони евра треба да биде пред и над сите техничко-технолошки играчки и златните лустери, плочки и чешми.

И во иднина, пред да говорите за вашите заложби во театарот, вадејќи се дека градите театри заради огромната почит кон нас, театарските уметници (а не за да исперете пари преку анекси), пуштете греење во театрите низ внатрешноста, чисто вашите изјави да не изгледаат лицемерни.

Ирена Ристиќ
Престанете со дијазепамите и добро размислете!

„Сите пoрaки и лaјкoви се следaт и се пренесувaaт кaј знаеш кого..."

"Te MOLAM vo nikoj slucaj da ne se doznae deka jas sum ti pisalа zatoa sto veke utre me ceka otkaz, pocnuvaat da frcat tel"

Eте, си фрчат и порачиња! И никако да разберам зошто мене ми пишувате! Да го јавнам коњов, да зеам штитов и да ве избавам од Натемаго?! Важи, еве, тргам!

Претпоставувам, имате резервни животи, штом за овој ви е гајле како го живеете!

Почујте ја Бетче шо има да ви каже! Вели: КУЛТУРАТА е во СРЦЕТО на СИСТЕМОТ на НАШАТА ЗЕМЈА!!!

Престанете со дијазепамите и добро размислете!

А ако ви е тешко да сфатите и прифатите дека нит култура, нит срце, нит систем, нит наша земја имаме, пишете пак! Ќе го оседлам Шарецов, ќе наострам мечов, праам селфи и доаѓам!

Ирена Ристиќ
И сеа?! Шу прајме?!
‪#‎одговорност‬

(порака испратена до Ирена Ристиќ)

Слични содржини

Став / Култура
Општество / Живот / Култура
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Книжевност / Психологија / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото