Изложба на фотографии на Александра Стеваноска во Јавна соба

11.01.2016 14:36
Изложба на фотографии на Александра Стеваноска во Јавна соба

Во понеделник, 11 јануари, со почеток во 19:30 часот, во просториите на Јавна соба, се одржува првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска, со наслов „Познато непознато“. „Целта“ на оваа селекција фотографии е портрет на улични, случајни минувачи, пејзажи и делови од архитектурата. Карактерите на овие фотографии се изолирани и извадени од општествениот контекст. Тие се приказни како „фатени“ на дело, „фатени“ во нивниот процес на создавање или во нивното битисување. Заедничко на сите фотографии е тоа што укажуваат на нешто препознатливо за нас, а сепак непознато.

По официјалното отворање на изложбата, се одржува коктел - забава со DJ Ѓорѓи Јаневски.


Фотографиите се направени во периодот од 2013 до 2015 година, во САД (Њујорк, Западниот брег – Сан Франциско, Националните паркови во Калифорнија: Поинт Лобос, Њу Порт Бич и Кармел Бич).

Следната изложба на ПОЗНАТО НЕПОЗНАТО е планирана на пролет во Париз.

Влезот е слободен.

На линкот подолу можете да го преземете каталогот од изложбата.

ПрилогГолемина
Преземи936.95 KB