Бендови кои своето постоење му го должат на Дејвид Боуви

20.01.2016 18:09
Бендови кои своето постоење му го должат на Дејвид Боуви

Времето одминува, полека се насобира прашина врз веста за смртта на Дејвид Боуви, па можеби треба да се освежат сеќавањата и да се стави фокус на големото влијание кое овој уметник го имал на генерации музичари.

Ако се вратиме наназад во 1972 година, ќе се потсетиме дека една цела генерација го гледаше Дејвид Боуви како ја изведува Starman на Top of the Pops, и сите тие веднаш знаеја дека нивните животи засекогаш ќе бидат променети. Најчестиот коментар во тоа време беше дека конечно има некој кој не се плаши да биде чуден, различен и „како дојденец од друга планета“. Со еден збор, чудак.

Некои од бендовите, оние со поглема верба, сметаа на уметноста и литературата, и се надеваа дека би можеле да инкорпорираат нови концепти во нивната работа. Некои дојдоа во конфликт со својата сексуалност и решија да го живеат животот како што сакаат, исто како и Дејвид. Голем дел од нив формираа бендови и почнаа да прават музика. Еве само неколку уметници кои многу му должат на Дејвид Боуви за своето постоење.

1. Sex Pistols


Првиот бран на британските панкери го преземаа гламурозниот статус на Боуви како аутсајдер и го присвоија. Дури и елементите на класичен рокенрол профилтрираа во музиката на Pistols. Сид Вишус беше најголемиот фан на Боуви, па дури имаше своја анимирана персона со коса како Зиги и екстравагантна облека.

Најдобар Боуви момент: Pretty Vacant (1977)

2. Siouxsie and the Banshees


Додека Sex Pistols се пробиваа на сцената, младата Сузан Балион самата одново се измисли како Siouxsie Sioux, создавајќи нова персоналност налик на Боуви, со накострешена коса и впечатлива шминка. Ладниот, минималистички звук на првиот албум на Banshees, The Scream, беше реакција на грубиот звук на панкот и се совпадна со Берлинскиот период на Боуви. Како што растеше самодовербата на Sioux како изведувач, таа се претвори во впечатлива појава со шокантна црна коса и театарска шминка која потсеуваше на сензибилитетот на Зиги Стардаст.

Најдобар Боуви момент: Mirage (1978)

3. Joy Division


Манчестер беше еден од омилените градови на Боуви. Ноќниот клуб Pip’s беше вистинското место за регуларен фикс во познатата „Боуви соба“. Еден млад панк бенд од Манчестер, кои се нарекуваа Warsaw, по првата песна од втората страна на албумот Low (Warsawza) го изведе своето прво шоу во Pip’s под новото име, Joy Division. Тие ја моделираа својата музика од мрачните звуци на тој албум, а да не заборавиме и на податокот дека на пејачот Јан Кертис му се допаѓаше албумот на Иги Поп, во продукција на Дејвид Боуви, насловен The Idiot the night he died

Најдобар Боуви момент: The Eternal (1980)

4. Gary Numan and Tubeway Army


Гери Веб од Хамерсмит беше уште еден уметник кој самиот се „ре-измисли“ според калапот на Боуви. Неговиот најголем хит, Are Friends Electric? има цитатати од песни на Боуви (на пример, Heroes) и неговата сценска персона беше базирана на The Thin White Duke, неонски светла и слично.

Најдобар Боуви момент: Down In The Park (1979)

5. The Cure


Младиот Роберт Смит беше фан на Боуви во почетокот на седумдесетите години, но токму излегувањето на албумот Low целосно му го промени животот. За него тој велеше дека е најдобриот албум кој некогаш го слушнал. Затоа Cure го патентираа мрачниот звук на раните осумдесети во комбинација со амбиенталната страна на ремек-делото на Боуви. Неговиот сон се оствари во 1997 година кога беше поканет да настапи на шоуто по повод педесетиот роденден на Боуви во Њујорк. Таму Смит го сретна гитаристот на Tin Machinе, Ривс Габрелс, кој сега свири во Cure.

Најдобар Боуви момент: A Forest (1980)

6. The Smiths


Морисеј беше голем обожавател на Боуви во младоста. Тој во суштина беше фан на сè што е гламурозно и андрогино. Неговиот продуцент подоцна беше суперѕвезда на Мик Ронсон, како продуцент на албумот Your Arsenal од 1992. Боуви возврати на комплиментот со преработката на песната Moz’s I Know It’s Gonna Happen Someday, иако нивната врската малку се влоши поради несогласувањата околу употребената фотографија од Боуви на ракавот на Морисеј. Подоцна Џони Мар го прогласи Боуви како негова врвна икона, велејќи за NME: „Тој навистина сфати дека комерцијалниот поп може да биде вистинска уметност.“

Најдобар Боуви момент: Panic (1986)

7. Pulp


Џарвис Кокер беше King Of The Misfits на деведесетите. Во една прилика, за Evening Standard изјавил: „Боуви имаше големо влијание на нашата култура. Тој донесе многу сосема субверзивни и алтернативни идеи директно во собите на луѓето.“ Измислената персона на Кокер е целосно во стилот на Thin White Duke.

Најдобар Боуви момент: Mis-Shapes (1995)

8. Suede


Андрогиност. „Јас сум бисексуалец кој никогаш немал хомосексуално искуство.“ Страстни текстови. Европа е нашето Игралиште. Фини кошули. Треш. Како Њуман, Дејвид Силвијан со неговиот бенд од младоста, Japan, и Питер Марфи од Bauhaus пред него, како и Брет Андерсон, се деца на Боуви.

Најдобар Боуви момент: Trash ( (1996)

9. Placebo


Предводени од андрогиниот Брајан Молко, триото работело со Боуви за песната Without You I’m Nothing. Басистот на бендот, Стефан Олсдал, за Radio X изјавил: „Тој го поддржуваше Placebо уште пред да излезе нашиот прв албум. Ние го поддржавме во живо, со силата на нашата прва демо снимка . Беше подготвен да прослави бенд кој едвај го знаеше во тоа време. Но покрај тоа, и пред сè, на сите ќе ни недостига како човек, како пријател.“

Најдобар Боуви момент: Without You I'm Nothing (of course!) (1998)

10. Pixies


Ако се вратиме наназад во 2013 година, Black Francis им понудија на Pixies да свират со Боуви на една негова турнеја. Тоа не се случи, но постоеше меѓусебна восхит меѓу суперѕвезда и легендарните рокери од Бостон. Френк Блек (така беше нарекуван во тоа време) настапуваше на шоуто по повод педесетиот роденден на Боуви, во 1997 година, а Дејвид за услугата возврати со снимање на песнта Cactus на Pixies за неговиот албум Heathen, од 2002 година.

Најдобар Боуви момент: Where Is My Mind? (1988)

Извор: www.radiox.co.uk

ОкоБоли главаВицФото