Жена - дали тоа звучи гордо?

25.01.2016 16:22
Жена - дали тоа звучи гордо?

Mуабетот ми е ич, ама ич, не ми е жал за вас!
Ирена Ристиќ

Пошо нели…

Цел ден ве думам, бе, жени. Госпожи. Се прашувам. Ве замислувам. Како, од каде и зошто се кљанкавте со тоа автобусите до метрополава. Дали појадувавте пред пат? Дали имавте што? Колку долго го осмислувавте аутфитот, пошо нели, дрес код, ко шо ви кажаЈа „oд горе“…(верувам, полесно ќе ви беше, као порано маички, капчиња и готово, али тоа е, голем настанов, башка ваш ден, побитен од 8-ми Март) Возбудени ли бевте кога влегувавте во салата? Ви олесна ли кога разбравте дека лидерот сепак ќе ви се обрати, пошо нели, неизвесно беше…лол Шо си праевте муабет по пат? Зборевте против нас, комуњариве, или сепак се одлучивте за нешто очебијно, болно поприсутно во вашите животи, т.е. успесите, резултатите, проектите на вашата партија од изминативе едвај, едвај 10 годинки? Ве прозиваа ли, по списку, пошо нели своеволно тргнавте? И зашо, побогу немало сендвичи?

Многу ли ви студеше? Кој предложи да се протестира на Бихаќка? Ај, кажете, не кажуем на никој, жими све! Шо си рековте коа ја чувте идејата? Леле, супер, журка!

Или – Леле, кој че цапа дури до таму, пошо нели Скопје е најголемиот град што сте го посетиле или не? И зашо се откажавте? Миле мој, беше? Ко да не го видов… Која у партија ви е role model, пошо нели, мора да се има компас како треба! Некоја од моите колешки или некоја рендом од ОК, или самиот лидер?

Do you find him attractive, пошо нели, он маж, вие жени. Небитно. Еј, а ги слушавте бомбите? Гарант!

Ај, да не се лажеме! Љубопитни сте, пошо нели, жени ко жени, све да знаат. Може не сите сте ги чуле сите, али барем еден дел од вас сте си го пружиле тоа задоволство… И, како? Па, убаво! Нормално, пошо нели, вистина (секако – лепена, креирана, монтирана, али ипак вистина), па и да подболуе не е страшно, нели?

Се зезам.

Гадно ви беше, знам. Ем гладни, ем измрзнати, ем преморени, ем со нагон за повраќање на празен желудник… Језиво, језиво!

Језив ви е и стравот, за кој никако не ми е јасно како ви го наметнуваат! Једном за свагда или си примате редовни дози наместо дневници, да речеме…Апгрејд на стравот! Бррррр… Ај, да не го тупам ко лидерот ви!

Драги мои госпожи, муабетот ми е ич, ама ич, не ми е жал за вас!

Зашо? Па, затоа шо вашиот страв не ви пресудуе само на вас, туку и мене! Ничим изазвано, јас патам ради вашиот страв!

И затоа, драги мои госпожи, че се гини!

Јас храбро, а вие у себе, како што и живеете, тивко и срамно!

Че се гини, госпожи, пошо нели, патриотизам!

Да живее Македонија!

Фејсбук

Жени, мајки, баби, свекрви - што сте вие? Што бевте и во што се претворивте?
Огнен Јанески

Ги гледам жениве од ДПМНЕ на вести, како стојат зад Груевски додека држи говор за казните и одмаздите. Ниту една од нив, кои ги фаќа камерата, не е насмеана. Само една од нив изгледа горда, три гледаат на страна свртени, три се како Дрвени Марии со изгубен поглед (меѓу кои Беличанец), четири се со сведната глава, а две од нив си ги подгризнуваат усните (ама не на секси начин), а две се смеат кисело, како да џвакаат лимон.

Ниту една од нив не е застаната црвсто, стројно, одважно и одлучно. Ниту една од нив не оддава сигурност и поддршка како мајка која го спрема своето чедо за борба, како што изгледаа порано.

Ниту една...

Жени, мајки, баби, свекрви - што сте вие? Што бевте и во што се претворивте?

Имав доволно време да ги набљудувам и анализирам, зашто на вести 16 минути се емитуваа два и пол прилога од денешната конференција на УЖ на ДПМНЕ.

Секако, дека во прилозите беше поважен Груевски, отколку жените. Како партија посветена на сите граѓан(к)и, 12 минути се одвоија на патријархот над жените - алфа-мажјакот и пастир на македонските Амазонки кои ја создаваат и раѓаат иднината на оваа држава со секое трето дете, наспроти матријархатката, која доби една минута и 10 секунди.

Смешно, зар не, а пак плачеме...

Фејсбук

Не разбирам, ова стварно не можам да го разберам...
Југослав Петровски

Не си човек туку си од човек само ребро... Како ареал на твоето делување ти ја одредуваат само кујната... Ти наметнуваат маска на лицемерна чесност, а како формула за успех ти нудат да бидеш устен приврзок на некој моќен фалус... Ти бранат да абортираш! Ти одредуваат колку деца ќе раѓаш! Те тераат да одиш да се бунтуваш за да на голиот Прометеј му облечат гаќи... и ти сè уште си нивна горда членка, дпмнеовка, груевка, лавица... Не разбирам, ова стварно не можам да го разберам... некои жени никогаш не можеш толку многу да ги понижиш колку што самите тие можат да го сторат тоа...

Фејсбук

Жена - дали тоа звучи гордо?
Гордана Попсимонова

Ако судам според последната конференција на Унијата на жени на владејачката партија, нашата женска реалност е прилично поразителна. Видов стотици припаднички на понежниот пол, кои доброволно прифатиле да му бидат филадендрони и фикуси на Груевски. И да климаат со главите и да скандираат и френетично да ракоплескаат на неговите хистерични изливи на гнев, лутина и закани. Кој тоа ми велеше дека ние жените сме полуцидни и поинтуитивни во препознавањето на чувствата кај другите? И похрабри во истапувањето?

Зарем ниедна претставничка од декорот на Груевски не забележа дека човекот е преплашен до смрт? Зарем ниедна не се засрами од неговите зборови дека ќе си ја врател делумно одземената власт, и „на клоци“ ќе ги избркал на сила насадените функционери од опозицијата во власта? Можно ли е ниедна жена од Унијата да не се почувствува непријатно пред јавно изречената закана дека нејзиниот лидер веќе никогаш нема да дозволел некој да се обиде да дојде на власт во Македонија со помош на „криминалци и фалсификатори, со Чауши, Катици и Ванхојтовци?“

Пред нивни очи Груевски ѝ се закани на една жена – на Катица Јанева! На специјалната обвинителка која треба да го расчистува неговиот криминал, тој вети дека ќе ја крене на клоци. А тие му аплаудираа. Му аплаудираа на еден искомплексиран силеџија кој ја има окупирано мојата и нивна држава во сите нејзини сегменти, кој притиснат од фактите, приклештен од меѓународната заедница и фатен во криминал од сопствените граѓани, се обидува да се измолкне од сопствената стапица.

Фејсбук

Економско јакнење на жената
Ивор Мицковски

Рангелова вчера зборуваше и за „економското јакнење“ на жената. Се разбира, не кажа ништо, но мене ми текна на економското јакнење на претходната претседателка на Унијата на жени, Силванева Бонева, на нејзините станови и патни налози.

Фејсбук

Протест на жените од ВМРО
Љуми Бекири

Стигнуваат пред седиштето на СДСМ. Молк. Жените се малку збунети.

Рангелова почнува да вика: „жени, жени, ние сме жени!“

Жените пак молчат.

Софија Лаличиќ пали цигара, влече еден дим и почнува да фрла со Сваровски дијаманти накај седиштето на СДСМ.

Боркица почнува да ги дели сендвичите: „Полека жени, за сите има, не се грабајте.“

Ивона Талевска трча целата крвава, почнува да плаче и раскажува како ја претепале по пат соросоиди.

Лидија Богатинова и Цаци известуваат од терен.

Силвана Бонева ги врзува македонското и албанското знаме, да се сочува меѓуетничката димензија на протестот.

Јанкулоска сака да влезат внатре и да ги сотрат комуњарите.

Јелена Жугиќ дава ексклузивна изјава: „секој вистински уметник, кој си ја сочувал уметноста во себе, денес е пред СДСМ.“

Од далеку се слуша дека иде Есма Реџепова. Ја носат за уши.

Бети Канческа Милевска предлага да се стави споменик на жени-херои пред седиштето на СДСМ.

Калиопи ја пее „Обои ме“.

На Мирка Велиновска ѝ се слошило, местото ја потсетувало на стари спомени.

Антонио Милошоски носи транспарент „Илинка Митрева, оди си“.

Протестот завршува со песна на Цеца, во изведба на Каракамишева.

Фејсбук


Слики: Свирачиња