Иновативна пловечка шума во Ротердам

30.01.2016 15:49
Иновативна пловечка шума во Ротердам

Познати по нивната мрежа од канали, луѓето во Холандија дефинитивно знаат како да ги направат корисни тие кривулести водни патишта. Демонстрирањето на оваа генијалност е нов проект кој работи на зголемување на урбаниот зелен простор во градот Ротердам.

Mothership е уметнички колектив составен од локални холандски претприемачи и дизајнери, кој настапува со идејата за создавање пловечка шума сместена во центарот на градот. Оваа пролет, во рамки на проектот Dobberend Bos, во Ротердам ќе бидат засадени дваесет дрвја кои мирно ќе пловат на пристаништето Ријнхавен.


Тимот бил инспириран да ја креира оваа инсталација од уметничкото дело на Јорге Бакер, „Во потрага по хабитус“. Бакер е познат по своите дела во кои се става акцент на занемарените елементи во нашата околина, како што се водата и ветерот. Mothership го смислиле овој концепт уште во 2014 година, иницирајќи пробно поставување на едно дрво.Овој прототип со годините израсна во големо дрво, покажувајќи дека дизајнот е ефективен, па градот на иноваторите им даде зелено светло за реализација на целосниот проект.

Иновативниот проект има за цел да поттикне дискусија на тема „како урбаните простори се справуваат со природата, и обратно, што е она што природата му го дава на градот и на жителите.“ Едноставен, но и брилијантен начин да се воведе зеленило во урбаните средини, корисно да се употреби и разубави просторот, а можеби истиот ќе биде усвоен и од страна на другите градови низ целиот свет.


Извор: www.contemporist.com