Неверојатни фотографски ре-креации на сликите на Хиеронимус Бош

03.02.2016 18:05
Неверојатни фотографски ре-креации на сликите на Хиеронимус Бош

Фотографката Лори Понд има направено неверојатна серија принтови кои ги ре-креираат фигурите и пределите од сликите „Страшниот суд“, „Искушенијата на Свети Антониј“ и „Градина на земните задоволства“, на холандскиот сликар Хиеронимус Бош. Вознемирувачките визии на сликарот одлично се вклопуваат со голем дел од делата на Понд кои наликуваат на соништа, како што се, на пример, нејзините триптиси кои се повикуваат на гротескниот надреализам на Фредерик Сомер и Џоел Питер Виткин, или нејзините мрачни, мистериозни, и вознемирувачки слики од препарирани животни со нивните песјаци.


Она што е извонредно кај овие слики е тоа што на нив се направени минимални дигитални интервенции. Во едно интервју Понд открива детали околу изработката:

„Ангажирав дизајнери на протетика да ги создадат иконичните ликови од сликите на Бош, нивните глави, раце и нозе, како и професионалец за изработка на сценски реквизити за филмови и тетарски претстави, кој конструира брод во природна големина. Мојот учител по препарирање ми даде нозе од врани, а ги ангажирав и моите пријатели, не само како модели, туку и да ми помогнат со конструирањето на зградата, како и со гардеробата и шминката. Поголемиот дел од фотографиите се направени само со фотоапарат, освен некои исклучоци, кога поради недостаток на материјали, морав да направам некои дополнителни интервенции.“


Онаму каде што се додадени дигитални ефекти, Понд била верна на изворниот материјал, па на фотографиите им се додадени испуканите текстури од дигитални фотографии со висока резолуција направени од оригиналните дела на Бош.


Извор: dangerousminds.net

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото