Со труба против Доналд Трамп

05.02.2016 12:29
Со труба против Доналд Трамп

Противниците на потенцијалниот републикански претседателски кандидат, Доналд Трамп, кој со своите изјави во кампањата го навлече бесот на милиони Американци, покренаа посебна веб-страница, на која го исмеваат на крајно едноставен, но моќен начин.

На страницата, секој посетител со еден клик може да дувне со труба (игра на зборови - Trump-trumpet, англ. труба) во лицето на Трамп, а неговата коса лета во правец зависно од избраниот агол.

На страницата е поставен и бројач кој го забележува секое поединечно трубење.

За да затрубите во лицето на Доналд Трамп, кликнете овде.