(Од животот повеќе го сакам...)

05.02.2016 16:23

Од животот повеќе го сакам оној
со кого животот не го делам.
Помалку од животот го сакам оној
кого воопшто не го сакам.
А оној, со кого го делам
остатокот од ноќите и деновите,
го сакам како животот, како сестра го сакам,
најнежно што знам.

Препев: П. В.

Вера Павлова е руска поетеса родена 1963 година во Москва. По образование е музиколог. Лауреат е на престижната награда за поезија „Аполон Григориев“ (2000). Досега објавила десетина стихозбирки.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото