(Со ноздрите воздух предела)

07.02.2016 13:59

Со ноздрите воздух предела,
цврсто клопче намотувала,
стиховно платно исткала
Ахматова.

В гради ковачки мевови ширела,
како замки ги поставила
кога ќе наиде птичјата плима
Цветаева.

Кон средбата на два збора
вилата-езерка пливала
додека сосема не исчезнала
Павлова.

Препев: П. В.

Вера Павлова е руска поетеса родена 1963 година во Москва. По образование е музиколог. Лауреатка е на престижната награда за поезија „Аполон Григориев“ (2000). Досега објавила десетина стихозбирки.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото