четириесетиосум

09.02.2016 11:55

слободата живее во свински брлог
а свињарот ѝ припаѓа на фамилијата
а сопственикот на брлогот е чичко на чуварот - обраснат во сало
а претседателот на општината е пријател на сопственикот
а неговата жена е љубовница на лихварот
а лихварот ги донесе на власт корупцијата и злосторот
а корупцијата и злосторот воспоставија закони
а законот ја штити хиерархијата сè до свинскиот брлог.

Препев: П. В.

Арбен Идризи (Arben Idrizi, 1974), косовски поет. Објавил две стихозбирки, Страдалници (2003) и Книга на битието (2010). Преведува од италијански. Работи како уредник во дневниот весник Express. Живее во Приштина.

 

ОкоБоли главаВицФото