Скопска ситуација

09.02.2016 11:52
Скопска ситуација

Каква е, значи, оваа ситуација?! Скопска!

Зоран Шекеров е студент и фотограф кој се занимава со дигитална фотографија и со алтернативни фотографски процеси.

На Инстаграм се смета за активист кој преку својот компактно мобилен стил и преку суровиот фотографски пристап има за цел да делува кај широките народно-инстаграмџиски маси прикажувајќи моменти од секојдневниот живот со умерена доза на хумор, односно со критика кон она што ни се наметнува.

Има желба и амбиција да формира фотографски колектив базиран на создавање суров фотографски материјал кој ќе биде доволно силен за да се дистанцира од концептот на туристичките брошури и да понуди поинаква слика за нашата стварност.

За Окно Шекеров направи избор од фотографии направени во 2015-та и 2016-та година во Скопје.

Повеќе за Зоран Шекеров: https://www.instagram.com/zoransekerov/

ОкоБоли главаВицФото