го признаваме мирот како нужно зло

11.02.2016 14:10

И ние и вие овде ги имаме нашите куќи, нашата земја,
нашите животи, нашите гробови и светите храмови.
сето тоа, а и некои други работи, ни ги прави почвата и идеите свети
нè нагонува взаемно смртно да се мразиме.
Не постои таков господ кој подеднакво би ги сакал двете страни.
Ионака никогаш немало еден бог за сите нас.
Затоа копнееме да го уништиме сето она што го имаат другите.
Воопшто не ни е гајле за ружината вода и за насмевките,
нè опседнуваат само крвта и омразата. Ја обожаваме старата слика,
нашиот сопствен портрет насликан со маслени бои.
Против сме идејата секој својата душа да може да ја види како олтар.
Против сме земските идеи кои го прават можно
нашето напоредно чекорење по исти патеки.
За обете страни ова е туѓ ден, му припаѓа на некој трет.
Местово е сега наша зоолошка градина.
Го прифаќаме мирот како нужно зло.
И чекаме да изгрее нашиот ден.

Препев: П. В.

Арбен Идризи (Arben Idrizi, 1974), косовски поет. Објавил две стихозбирки, Страдалници (2003) и Книга на битието (2010). Преведува од италијански. Работи како уредник во дневниот весник Express. Живее во Приштина.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото