СЈО бара притвор за осум лица осомничени за изборна измама во акцијата Титаник

12.02.2016 13:55
СЈО бара притвор за осум лица осомничени за изборна измама во акцијата Титаник

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес конференција објави дека Обвинителството ја презеде првата акција под името Титаник.

Првиот предмет што го презеде ова Обвинителство е поврзан со криминализација на изборниот процецес за опстојување на власт.

Како што сооппшти јавната обвинителка Фатиме Фетаи, истрага е отворена за:

- злосторничко здружување

-повреда на избирачко право

-повреда на слобода на избирачите

-поткуп при избори и гласање

-уништување на избирачки материјали

- злоупотреба на средства од изборна кампања.

Како што детално објасни обвинителката Фетаи, во 2012 година осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски, секретар на Влада плус засега непознати лица, за натамошно останување на власт на партијата на локално и државно ниво направиле кривични дела за кои казните се три години затвор и повеќе.

Според Фетаи, групата направила план за придобивање гласачи преку МВР, како и преку други лица за носење луѓе од странство, преку насилства во изборната кампања и на изборните денови вршеле притисоци како да се гласа и спречувале остварување гласачко право, нуделе и давале подароци според тоа како ќе гласаат и незаконски користеле пари во изборната кампања. Како што нагласи таа, сите осомничени имале конкретни улоги во ова.

Таа уште еднаш повтори дека целта била криминализација на изборите преку незаконско издавање лични карти и вметнување во Избирачкиот список на лица кои за тоа немаат основа.

Министерот за внатрешни работи ја впрегнал целокупната структура на ова Министерство да го состави Избирачкиот список за интересите на владејачката структура. МВР ангажирало голем дел од капацитетите при што се погазени законите. МВР направило упад во избирачкиот список, изјави обвинителот во СЈО.

СЈО за овие обвинувања предвиде мерка притовор за некои од лицата опфатени со постапката. Според СЈО оваа мерка се презема поради опасноста да се влијае врз сведоците. Едно лице, како што беше соопштено, е веќе лишено од слобода поради опасноста да ја напушти Р. Македонија бидејќи поседува двојно државјанство.

СЈО објави дека се покренати обвиненија и против пет судии од Управиот суд како и против четири членови на ДИК од 2013 година. Со ова постапка за изборна измама опфатени се членови на општинска изборна комисија во Чаир.

Извор: НоваТВ
Слика: Странски служби