Перформанс на Лејди Гага посветен на Дејвид Боуви

17.02.2016 16:16
Перформанс на Лејди Гага посветен на Дејвид Боуви

Кога дојде време за доделувањето на наградите Греми да се планира трибјут во чест на Дејвид Боуви, веројатно не им беше потребно многу време за да направат совршен избор за современ музичар кој преку својата музика и перформанси ја рефлектира променлиавата природа на легендарниот англиски пејач. „Лејди Гага можеби не е следниот Дејвид Боуви“ - напиша Кевин Фалон за The Daily Beast. „Но, ако може да се најде некој кој според однесувањето, пораката што ја носи, духот, и способноста за преобразби и мешање стилови, е сличен на неодамна починатата ѕвезда, тоа е чудната жена и вонземјанка, Лејди Гага... Со сигурност може да се тврди дека не постои друг музичар, кој денес со таква умешност ја спојува оркестрацијата на нови личности и повторното и неуморно откривање и ре-креирање на идентитетот. “

Нема сомнеж дека кај Гага на вистински начин се чувствува инспирацијата од Боуви. И благодарение на иновативните технологии на кретивниот тим на корпорацијата Intel, перформансот ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената.

Разновидните костими навистина беа забавни. И Гага, која студирала на музичката академија Џулијард, сепак има технички моќен вокал, како што тоа веќе го разјасни некаде на почетокот на месецот на настапот на Super Bowl. Tехнички, нејзината изведба беше беспрекорна. A да се има хип хоп легендата и продуцентот на Дејвид Боуви, Нил Роџерс е навистина паметен избор.

Но, сите нематеријални нешта што го направија Боуви славен и значаен - имагинацијата, неговиот дух, оригиналноста, како и фактот дека не може да се најде толку чуден збор за камелеон како него, недостасуваа на гламурозното шоу на Гага во чест на Боуви.

Со неговиот фокус на визуелниот спектакл, модата, и поп-културата, Боуви беше еден и единствен меѓу музичарите. И него не го привлекуваа само трендовски стилови и идеи, туку она што е чудно и ризично. Неговиот лик Зиги Стардаст, на пример, го отсликува интересот на постоечката поп-култура за прашањата на полот и родот, и фасцинацијата од научната фантастика и  приказните за крајот на светот. Но, со начинот на изведба, музиката и карактеристичниот вокал, Боуви успеа совршено да ги реализира своите идеи и направи песни кои ќе траат засекогаш.

Иако и некои други музичари, како што е на пример Марк Болан, беа фокусирани на прашањата за родовиот идентитет, сексуалната двосмисленост на Боуви беше оригинална и природна, и на некој начин, опасна, особено во 70-тите години. Неговиот пресврт со R & B бендот Diamond Dogs беше повеќе од само промена на костимот.

Албумите со Брајан Ено, Low, Heroes, и Lodger, не беа на врвот на топ листите, но претставуваа нурнување на уметникот во некој чуден вид на сонично експериментирање. Неговата соработка со црни музичари, вклучувајќи го Роџерс во Let’s Dance, исто така имаше сериозен удел во неговиот музичкиот свет.

Но, кога станува збор за Гага, голем дел од нејзината кариерата на се состоеше во тоа да се оди онаму каде што други музичари, особено Боуви, веќе биле. Нејзините песни се како продолжени цитати. И минатата ноќ на доделувањето на наградите Греми, со сплет од речиси десетина песни на Боуви во пет минутен бит, тие беа претставени само како брзи и кратки гестови на музичар кој менува костими.

И покрај техничката моќ на нејзиниот вокал, гласните жици на Гага не беа толку соодветни за песните на Боуви. И песните кои таа ги одбра од музичкиот каталог на Боуви беа оние најпознатите и веќе преслушани. Зарем не можела да ги измеша добро познатите песни со оние помалку познатите? Доколку макар на една минута вметнела нешто не толку познато, би се покажало дека таа навистина го истражила музичкиот спектар на Боуви, а не само неговите хитови. Публиката на доделувањето на Греми, и програмерите на Греми, би добиле уште едно нов, дополнителен аспект кој укажува на тоа колку необичен може да биде Боуви.

Боуви ја сакаше популарноста, и спојувањето на уметноста со поп културата, но најдобрите негови дела се оние со кои ризикувал, а не само оние кои се технички добри. Неговата музика постоеше заедно со популарната музика која го опкружуваше, но, исто така, стоеше надвор од неа, се издвојуваше. Музиката на Гага асоцира на нешто што веќе го има, нешто што е веќе чуено, но со една комплицирано уметничко-историско оправдување. Таа е поблиска до Џеф Кунс, отколку до Боуви.

Емитувањето на наградите Греми вклучуваше и трибјут за Иглс, Лајонел Ричи, а не смее да се заборави и моментот во кој Меган Треjнор му ја презема наградата на Кортни Барнет за најдобар нов изведувач. Според тоа, може да се каже дека шоуто на Гага за Боуви не беше најлошото нешто што ноќта го понуди. Но, Боуви беше титан, и заслужува подобро и понеобично испраќање кое му доликува, а не караоке шоуто на Гага.


Извор: www.salon.com

 

ОкоБоли главаВицФото