Умберто Еко (1932-2016)

20.02.2016 04:10
Умберто Еко (1932-2016)

Големите лаги ја создаваат историјата

Во интервју за француски Le Monde, Еко објаснува зошто е опседнат со теориите на заговор и зошто е нужно враќањето на радикалната и милитантна критика во новинарството.


Предавање-дијалог на Памук и Еко

Еко: Се согласувам со тоа дека повеќето луѓе се глупави, а нивниот процент се зголемува како што стареат. Кога на крајот на животот барем би знаел дека сите луѓе се глупави, би ми ми било полесно да умрам. Инаку, не знам што реално значи заклучокот дека јас и Памук пишуваме постмодерни романи.

Како да се организира јавната библиотека

Ќе биде идеално на корисникот воопшто да не му се дозволи влез во библиотеката; ако сепак влезе, тврдоглаво и антипатично да се инсистира на правото кое му го даваат одредбите од осумдесет и деветатта, а кои уште не се блиски на колективниот сензбилитет, не смее да му се дозволи ниту сега ниту во иднина, да се приближи на светилиштето – полицата со книги.

Дали се оженив на Википедија?

Значи, колку можеме да се потпреме на Википедија? Веднаш можам да кажам дека јас можам да имам доверба затоа што постапувам како стручен истражувач: ќе погледнам што за таа тема пишува на Википедија, а потоа ги споредувам податоците со уште два-три сајта. Ако ист податок се појави на три места, многу е веројатно дека е и точен (само морам да водам сметка податоците на сајтовите што ги прегледувам да не се преземени од Википедија, да не пренесуваат некоја грешка).

Како да не се користи мобилен телефон

Оној кој се расфрла со мобилни телефони како симбол на моќ, објавува, напротив, дека е во безнадежно потчинета положба, приморан да скока на повиците дури и кога води љубов, секогаш кога претпоставените ќе го побараат, осуден да ги прогонува доверителите дење ноќе за да преживее, и самиот прогонет заради издадениот чек без покритие.

Европскиот културен идентитет

Тоа е она што ја сочинува основата на европскиот културен идентитет: трајниот дијалог меѓу литературата, филозофијата, музичкото и драмското творештво. Тоа не е нешто што една војна може да го избрише. И токму тој идентитет е темел на заедницата која се спротивставува на најголемите бариери, оние јазичките.

Не толку злобни истекувања

Аферата WikiLeaks има двократна вредност. Од една страна, излезе како застарен скандал, скандал кој се чини дека е скандал само затоа што ги прикажува кулисите на дволичноста која постои меѓу државата, граѓаните и печатот. Од друга страна, ја најавува значајната промена во меѓународната комуникација – и однапред ни ја претставува сликата за регресивната иднина на „незабележливиот“ напредок.

Како пишувам

Ако нам од ден на ден ни одговара да создаваме светови, ако мораме да испробаме безброј временски структури, ако треба постапките на ликовите, она што тие го прават или би требало да го прават според здравиот разум или наративните конвенции (или наспроти наративните конвенции), да го прилагодите на логиката на притеснување (да се премислувате, бришете, преправате), тогаш нема едноoбразен начин на пишување роман.

Постоењето како бескраен Карневал

Денес ние, едноставно сè уште не сме свесни за целосната карневализација на трудот, чиј израз се сите оние разновидни предмети и малку услужливи роботи, кои нивната употреба ја претвораат во игра. Службеникот што тајно од својот шеф ги игра игрите на компјутерот или посетува сајт на „Плејбој” живее во бескраен карневал.

Маскирана книга

Играта за која идејата ми ја даде Омар Калабрезе, се состои во исфрлање на основниот заплет од некое познато дело кое потоа коректно се прераскажува, отежнувајќи го препознавањето на текстот и оставајќи недоумица за кое дело станува збор. Насловот треба да биде непрепознатлив и да го оддалечи читателот од точниот одговор.

Сублимната уметност го оцрнува непријателот

Да се има непријател е важно не само за дефинирање на нашиот идентитет, туку и за создавање пречка во чиј однос го мериме нашиот систем на вредности и ја покажуваме, во соочувањето со неа, нашата вредност. Заради тоа, ако веќе ги нема, непријателите се создаваат.

Сакаме списоци зашто не сакаме да умреме

Интервју на Еко за Шпигел: Списокот е основата на културата. Тој е дел од историјата на уметноста и литературата. Што културата сака да постигне? Вечноста да стане разбирлива? Исто така сака да направи поредок – не секогаш, но многу често. Прашањето е како, како човечки суштества, се соочуваме во бесконечноста? Како се обидуваме да го зграпчиме несфатливото? Преку списоци, преку каталози, преку збирки во музеите и преку енциклопедии и речници.

Прафашизам

Прафашизмот се темели врз еден селективен популизам, врз еден речиси квалитативен популизам. Во демократијата граѓаните имаат индивидуални права, но земени во целина тие поседуваат политичко влијание само со оглед на едно квантитативно гледиште - се следат одлуките на мнозинството. За прафашизмот индивидуите како индивидуи немаат никакви права, додека народот, напротив, е сфатен како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја.

Писмо до мојот син

Пред сè, нема да те учам да пукаш во Индијанци. Ќе те учам да пукаш во трговци со оружје и алкохол кои ги уништуваат индијанските резервати. И во робовладетелците од Југот, што значи дека ќе пукаш како војник на Линколн. Нема да те учам ниту да нишаниш на човекојадците од Конго, туку на трговците со слонова коска, а во мигови на слабост можеби ќе те научам да го свариш доктор Ливингстон во лонец, I suppose.

Со жалење одбиваме

Ја разбирам јас слободата на изразување, климата на оспорување и слично, но не можеме да се откажеме ни од оние таканаречени писатели. Дотолку повеќе што ми се чини дека ова ќе е единственото дело на Сервантес; авторот штотуку излезе од затвор, целиот е запуштен, не знам дали му ја исекле раката или ногата, но не делува како некој кој има намера да напише уште нешто. Не би сакал, бркајќи новитети по секоја цена, да ја компромитирам издавачката политика која досега е популарна, морална (зошто да не се каже), и исплатлива. Да се одбие.

ОкоБоли главаВицФото