Владата составена од ВМРО-ДПМНЕ не е легитимна

22.02.2016 02:47
Владата составена од ВМРО-ДПМНЕ не е легитимна

Што ни кажува ова?

Ни кажува дека минатите избори не биле ниту фер ниту демократски.

Имено, ако со сите направени промени не може да има фер и демократски избори по два месеца, тогаш може само да си замислиме какви биле изборите без тие направени промени.

Со други зборови, не е точно дека зад ВМРО-ДПМНЕ стои народот. Не е точно дека граѓаните ги избрале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека владата која ја има составено ВМРО-ДПМНЕ е легитимна влада. Не е точно дека скопјани го избрале Коце Трајановски за свој градоначалник и не е точно дека му дале одврзани раце да го упропасти градот наш убав. Не е точно дека граѓаните на Македонија го избрале за претседател човекот со делумна деловна способност.

Тоа значи дека во истиот овој момент треба да им се забрани трошење на нашите пари и располагање со нашиот имот.

Тоа значи дека како и секој друг за кој постои основано сомневање дека направил криминално дејствие од вакви големи размери, треба веднаш да бидат суспендирани од сите функции кои ги имаат, да бидат тргнати од раководните позиции и да бидат изолирани со цел ограничување на нивното влијание врз постапките кои се водат против нив.

Тоа значи оваа објава.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби