За нападот врз Тодор Петров

29.02.2016 02:40
За нападот врз Тодор Петров

„Нападот не беше до Тодор Петров, туку до Македонскиот Народ, Црква и Држава.“

-Тодор Петров на неговиот Фејсбук профил

 

Е па, Тодоре, напад врз Македонија и македонскиот народ беше исто и нападот врз студентите на плоштад, нападот врз стечајните работници, нападот врз новинарите (како Саше Ивановски и др.) и нивното апсење (како Кежаровски), нападот врз LGBTI активистите и нивните центри, смртта на родилките и нивните плодови (53 новореденчиња за 3 месеци), насилната инсталација на СК014, нападот врз пратениците од опозицијата и нивното исфрлање од Собранието на 24 декември 2012 година, затворањето на медиуми, поткупувањето на новинари, професори и останата академска фела, нападот врз ситните стопанственици преполн со казни и глоби, претераното богатење на неколкумина ваши партиски колеги и насилното преземање на капиталот на некои сектори од индустријата преку закани до семејства и насилни (со ќотек) изнудени продажби, преку млатењето во Охрид (и други градови) на ваши партиски „бараби“ (референца: бомби) полицајци и немање контролна инстанца и институција за пријава - Внатрешна контрола, преку црните кеси со ливчиња, преку гласањето со триаголници, преку „Мамата че ви ја ебиме“, преку „инспекција ќе ви пратиме“, преку „ај да направиме војна“...

Тука влегува и вашата партиска интрузија врз автономијата на МПЦ (иако за ова ниту сум овластен ниту можам да зборувам) во сите нивоа и злоупотребата за дневнополитички маркетинзи на сите религиски симболи.

Тука влегува секојдневното симболично насилство кое сите ние сме приморани да го толерираме, што од вашите медиуми, што од вашите новинари (шарлатани), што од вашите политиканти, што од вашите поддржувачи (месни административци), што од вашите споменици, што од вашите чувари-бодигарди, што од вашата неписменост, што од грдотијата на вашиот национализам...

Од толку многу насилство и зло(ба), спиралата се искачи до степен каде тропна и на ваша порта.

Вие не сте репрезент на Македонија, туку сте репрезент на некоја ваша идеја за Македонија којашто изгледа онака како што ја опишав. Таа идеја ја обескичми и ја девалвира секоја демократска и слободоумна идеја за Македонија, од неа создаде трло на изгубени мастадони и клатиглави ноеви на кои главите најчесто им се во песок.

Таа идеја за Македонија не е Македонија. Ќотекот врз вас е ќотек врз зделката на вашата партија со вашиот коалиционен партнер, кој е исто толку лицемерен колку вас: од една страна го гласаат крстот на совет, од друга страна протестираат - биле револтирани. Ист беше случајот и со Цар Душан.

Шамарите и тупаниците се само side effect на вашиот политички deal преполн со лицемерие и национализам, ситнопартиски интерес и криминал. Од патриотизмот направивте тезга, од политиката направивте пазар, а кусурот на тој пазар сте го доплатиле вие со вашиот „мозочен потрес“.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња