Бисерите на Ацо Рембрант: Од Самоил до денес не сме имале политичар како Груевски!

01.03.2016 02:05
Бисерите на Ацо Рембрант: Од Самоил до денес не сме имале политичар како Груевски!

На Фејсбук педантно се набележани дел од бисерите на сликарот и колумнист Александар Станковски, попознат како Ацо Рембрант, од неговиот денешен настап на Радио Слободна Македонија. Читајте и крстете се!

ГРУЕВСКИ - НАЈДОБАР ПОЛИТИЧАР ВО ИЗМИНАТИВЕ 1000 ГОДИНИ

„Секако дека имам многу голема почит кон ВЛАДЕТЕЛОТ, кон г-динот Никола Груевски, за кого мислам дека е најдобриот политичар што се појавил на македонскиот терен од 45-та... најмалку од 45-та навака, но ако се земе предвид дека ние ја загубивме државата со Самоила уште, претпоставувам дека од тој период, значи од 1014 година до денес, не сме имале таков политичар како него...“

НИЕ СМЕ ЈА СОЗДАЛЕ РУСИЈА...

„... Тоа што сме слични со Русите, Украинците и Северните Словени по култура, јазик, менталитет, па и ген, тоа е што уште од 10-иот век пред наша ера, нашите луѓе од Балканот, значи не викам само Македонците, туку Илирите, денешните Срби, Тракијците, денешните Бугари, кои се епицентарот на историското словенство, се селеле и го колонизирале црноморскиот брег. Па, така, како што англо-саксонскиот фактор и германскиот фактор ја создаде United States of America, така ние сме ја создале и Русија, Расија, расејание, дијаспора....“

СТАЛИН - ЧЕСНИОТ, МУ СЛЕДУВАА ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМИ ТЕРИТОРИИ...

„Мислам дека добија малце на Јалта (се мисли на Советскиот Сојуз - м.з.), требаше поголеми територии да добијат, требаше да се раштркаат, па не Берлин да биде поделен, туку Париз, на Ла Манш да биде ставена железната завеса, но Сталин, за разлика од Англо-Американците ги почитуваше своите потписи...“

ПУТИН - АНГЕЛСКИ ЛИК...

„Денеска, без конкуренција најхаризматичен е Путин, тоа е еден СКОРО АНГЕЛСКИ ЛИК, понекогаш ГО ДОЖИВУВАМ КАКО АРХАНГЕЛОТ МИХАИЛ, кој е дојден на планетава да спроведе одреден ред....“

Погледнете го целото интервју во ова видео:

Извор: Плусинфо
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Став / Култура
Никола Гелевски
Историја
Книжевност / Стрип / Култура

ОкоБоли главаВицФото