Божем не сме ја виделе истата приказна. По стоти пат.

05.03.2016 13:21
Реакции на обидот за провоцирање меѓуетничко насилство во режија на ДУИ-ДПМНЕ

„Бутел е наш“

Артан Груби, насилникот од тепачките на Кале вели: „Бутел е наш, се гледаме во 17 часот“. Што сака да каже со ова? Чиј е Бутел? До толку ли успеа да украде па купил дури цела скопска општина досега? Со овој и ваквите ли ќе одиме во ЕУ и НАТО? Оди бре таму. Велам јас, само граѓаните се спас за нас. Само паметот и психичката стабилност на граѓаните, за разлика од онаа на политичарите (ако вакви и слични недоквакани суштества може да се наречат политичари) може да нè избави од глупоста на овие. Ако чекаме на политичките „елити“, тешко нас, штом некој како горенаведениов и нему сличните од другата страна е политичка „елита“.

Роберт Милески, Фејсбук, 04.03.16.


Бутел наликува на Куманово

Ова што се случува во Бутел наликува на она што се случи во Куманово пред речиси една година. Обични луѓе, граѓани утепани од сиромаштија и нивните егзистенцијални проблеми, изманипулирани од алчни политичари, се жртвуваат за една каша бетон и железо. Луѓе кои немаат ништо, ризикуваат во име на тие што имаат сè. Луѓе кои никогаш немале и ќе немаат ништо повеќе од сопствената кожа, се жртвуваат и тоа само за една ненаситна група луѓе да го зачува тоа што им го украле на тие на кои им останала само кожата. Каква трагедија!

До каде ли може да оди човечкото безобразие и наивноста на народот?! Како е можно да не гледате вие кои немате ништо дека тие што го организираат овој марифетлук, седнати во своите луксузни фотелји во нивните палати, се смеат на вашата наивност?

ВОЈНАТА Е МЕЃУСЕБНО УБИВАЊЕ НА ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ ПОЗНАВААТ, ПО НАРЕДБА НА ОНИЕ КОИ МНОГУ ДОБРО СЕ ПОЗНАВААТ МЕЃУ СЕБЕ!

Никогаш во историјата оваа изрека не се потврдила како сега во Бутел! За секоја скршена глава, рака или нога, или не дај Боже да има некоја жртва, ВИЕ ДУИ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ЗАТОА ШТО ВИЕ СТЕ И ПОТТИКНУВАЧИ И ПОЛИЦАЈЦИ, ВИЕ И НИКОЈ ДРУГ!!!

Мухамед Зекири, Фејсбук


НАЈГОЛЕМ ГРЕВ е што ги поделија македонските граѓани

На фејсбук групите во кои што доминираат „ПАТРИОТИ“, статусите се полни со мнооогу гнев, револт, закани кон неистомисленици...

Врие од статуси против СДСМ, против Форумот на слободоумни патриоти, против ЛДП, ОМ и други опозициони партии... Против САД, ЕУ, Германија, Холандија, против странски амбасади, против Ван Хојте, Бејли, Фуере... Против Албанци, Турци, против муслимани... Против невладини организации, против медиуми кои што не се под контрола од власта, против Сашо Орданоски, Стојанче Ангелов, Фрчкоски итн.

Премногу негативна енергија... Премногу повици за некакви си „конечни пресметки“... Се преминуваат сите граници на нормалност и логичност... Омраза до невидени размери...

Се плашам дека е толку многу наталожена таа омраза, што и после промените кои што несомнено ќе дојдат, омразата нема брзо и лесно да исчезне...

Ова што се случува во Македонија ќе има тешки и (долго)трајни последици... Премногу раскарани пријателства, нарушени добрососедски односи, „инфицирани“ роднински врски...

Груевски и неговата свита направија милион гревови за изминативе 10 години... НАЈГОЛЕМ ГРЕВ е токму тоа што ги поделија македонските граѓани... Тој грев е за мене поголем дури и од огромните пари изнесени од државата...

И тогаш кога ќе им дојде крајот, а наскоро ќе им дојде, нема да ги жалам ниту трошка... Нека видат маки, толку колку што тие им предизвикале маки на други луѓе... Ништо повеќе од тоа!

Ацо Лукароски, Фејсбук, 04.03.16.


ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ!

Утре е задушница. Македонците ќе сакаат да ги посетат гробовите на своите блиски. Да однесат цвеќе. Да запалат свеќа. Притоа ќе треба да поминат покрај логорот на ДУИ...

Добро бе, има ли нешто свето за вас?!

Стојанче Ангелов, Фејсбук, 04.03.16.


На протестот беа сите главни фактори на ДУИ и нивни партиски луѓе. Сите тие седат во иста Влада и во ист парламент со ВМРО-ДПМНЕ, со нив си делат бизниси, со нив си вработуваат свои луѓе, со нив нека си го решат проблемот. Што ќе сум им јас? Кој сум јас? Никој и ништо. Невработен. Јас немам време за протести. Три деца и тешко болни родители чекаат да им донесам леб и лек. За тој леб аргатувам на две места. Четиринаесет часа работам 'на диво' за ситна пара. Никој од ниедна партија не ме прашал како живеам. И да има крст и да нема крст, и да има орел и да нема, мене тоа ништо не ми менува. Живеам во мизерија и тоа ми е главната мака.

Азис, во репортажа на Дојче Веле


И тоа што власта ни го продава како граѓанска иницијатива, една недела подоцна ќе се обиде да ни го продаде како меѓуетнички конфликт. Па додека едни кампуваат, други демократски ќе дебатираат. Кој е виновен? Дали орелот во Чаир, крстот во Бутел, или јарболот во Сарај? Божем од вчера сме. Божем не сме ја виделе истата приказна. По стоти пат. И знаеме како ќе заврши. Како наместен фудбал. На крај ќе седнат на маса и ќе се договорат да дојдат нови ајдуци. Е па, паметиме бе, луѓе. Не беше толку одамна. Пред само петнаесет години беше. Уште семејствата си ги оплакуваат жртвите. Уште не ги прежалиле своите најблиски.

Да не мислите дека ќе гинат патриотите што се фалат на Фејсбук? Ниту пак Ермира Мехмети ќе може со демократски говори да ги скрие апашлаците на нејзините сопартијци. Кој ќе ни продава камперска демократија? Абдулаќим Адеми, кој како министер за образование со години малтретира едно чудо основци, средношколци, студенти, професори, родители, само затоа што мораше да му оди по ќеф на Груевски? И сега тој глуми конфликт со ВМРО-ДПМНЕ?

Кој ќе поверува дека и крстот и орелот и јарболот се граѓански иницијативи, тогаш нека верува дека и ова што се случува во Бутел е меѓуетнички и меѓуверски конфликт. Слободно нека одат да се тепаат. Со крстот на чело и со орелот на глава. Не мора да го чекаат 5 јуни за неказнето да кршат гласачки кутии. Уште сега нека си ги искршат главите.

Горан Михајловски, фрагмент од колумна


Овој пат не ви поминува

И тие (ДУИ) како и нивниот коалиционен партнер во владата (ВеМеРеО), секогаш кога се наоѓаат во небрано посегнуваат по патриотштина и големи наративи - небаре сермија им се од татка и од мајка. Небраното сигурно нема само етничка основа, па ни религиска, туку и криминална. Блатото во коешто се заглавени, сетики е покалливо одошто нивното партиско членство знае, а и пошироката јавност. Мислат дека со вакви гротескни собиранки на кичест и синкретички паланечки невкус на криминалци со чифтелии, ќе успеат да анимираат и етнички да мобилизираат - онака предизборно, па дури и „сила“ која би излегла пред СЈО, пред обвинителство, пред суд, конвертирајќи ја секоја криминална постапка во етнички (демек националистички) мотивирано обвинение/пресуда.

Мариглен Демири, Фејсбук / Окно


Поуки

Судбината на Македонија е во рацете на дедо Стефан!

Ако архиепископот реши да ја освети владата или барем зградата на владата, ние ќе можеме од безбедна дистанца по околните кафеани да посматраме како се урива Злосторничкото здружување против народот и државата!

Да уживаме во милоста Божја!

Тоа се според мене главните поуки од настаните во Бутел!

* * *

Се покажа дека Бутел, сепак, не е толку диво насеље колку што го сметаа Груевски и Ахмети!

Бранко Тричковски, Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото