Одбрана и последни денови на Уставот

05.03.16 21:56

Граѓаните по четврти пат се обидоа со протест да укажат дека Уставот треба да се одбрани од уставните судии. Ако судиите поставени да ѝ служат на власта, корумпирани или заплашени, сеедно, донесат одлука дека Уставот треба да се прилагодува кон криминалните потреби на власта, ќе се случи преседан во Македонија.

Можноста за аболиција и помилување за изборен (политички) криминал, ќе значи и стимул за сите видови криминал што некој на власт може да го стори. Токму спротивното од суштинската улога на Уставот, да обезбеди еднаквост и заштита на обичниот граѓанин.

Тоа ќе значи дека ова се последни денови на македонскиот Устав.

05.03.2016 г., Уставен суд, Скопје

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото