Пратениците во паника: ќе се распушти ли собранискиот ресторан?!

12.03.2016 07:29
Пратениците во паника: ќе се распушти ли собранискиот ресторан?!

Сите пратеници во текот на целиот вчерашен ден беа во паника, бидејќи некој пуштил вест дека покрај распуштањето на Собранието, ќе дојде и до распуштање на собранискиот ресторан, дознаваат Пара вести.

Оваа вест за кратко време ги обедени пратениците без оглед на партиската припадност, кои се сложни во оценката дека собранискиот ресторан е еден од темелите на демократијата и слободата, и дека неговото распуштање би претставувало и удар врз самата држава.

„Изборите ќе се одржат на петти јуни, а по нив треба да помине уште некое време до првата седница, па каде да јадам наредните два месеца“, резигнирано се прашува еден пратеник од владејачката коалиција.

Неговиот колега и сопартиец кој бараше да остане анонимен вели дека е многу тешко по неколкумесечниот престој во собранискиот ресторан да се навикне да јаде од друго место.

„Вчера со еден пријател во град нарачавме плескавица и по навика извадив 10 денари да платам, но се испостави дека плескавицата чини 150 денари. Па дали се тие нормални, кој може да си го дозволи тоа“, се прашува овој пратеник.

Пратениците на крајот сепак ги смири веста дека не само што нема да дојде до распуштање на ресторанот, туку во наредниот период, поради непланираните трошоци кои сите политичари ќе ги имаат во текот на предизборната кампања, сите јадења на менито во собранискиот ресторан ќе бидат со попуст од 20 отсто.

Извор: www.njuz.net