Гала вечер на раскажување женски приказни „Пич Прич“

12.03.2016 20:48
Гала вечер на раскажување женски приказни  „Пич Прич“

Со изложба на протестни фотографии „Жена борец“, вчера беше отворено четвртото издание на фестивалот „Прво па женско“. Најмногу публика привлече гала вечерта на раскажување женски приказни насловена „Пич прич“/PeachPreach, според концепт на Румена Бужаровска и Ана Василевска.

Публиката имаше можност да ужива во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа за нивниот „Прв пат кога...“ – секоја, се разбира, по своја интерпретација на зададената тема. Гордана Попсимова, Ана Костовска, Оливера Трајковска, Лилјана Дирјани и Јана Јакимовска раскажуваа за теми кои ги сметаат важни, и теми кои истовремено беа емотивни, хмористични и сериозни.

Фестивалот „Прво па женско“ продолжува и денес и утре, а целата програма можете да ја видите на следниот линк.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото