Дајте нешто и да нападнеме!

19.03.2016 12:39
Дајте нешто и да нападнеме!

СТЕ ФЧО

Министри и бомбони

Спасовски е лош министер затоа што е пола министер, а пола партиски војник - вели човекот од Подржикоњ и сугерира дека излезот е во министерската фотеља да се врати личност која не е поделена како Спасовски, туку целата е партиски војник и ништо друго?! Nа пример, Јанкуловска!

Бравос Стеф Чен Це, дали си за едно бонбонче!

Ќе се најде и за кандидатката!

Одбрана и напад!

Ние го браневме Уставот од Уставниот суд, тие го одбранија Уставниот суд од Уставот! Не сум сигурен дека ако тргнеме да го браниме Уставниот суд од Уставот, мороните ќе решат да го ебат Уставниот суд! Сигурен сум, меѓутоа, дека нашата грешка е во тоа што постојано нешто браниме. Дајте нешто и да нападнеме! Кај и да се свртиш гледаш прекрасни објекти и субјекти за уривање, а ние сме се фатиле со одбрана, де на Уставот, де на Македонија, де на слободата...

И Прозор ќе падне ако го брани Стефчо!

Се израдував кога чув дека владината коалиција решила одбраната на институциите да му ја препушти на својот Гудеријан, другарот Стефчо од Подржи коњ!

Тоа значи дека окупираните институции полесно ќе ги ослободиме од присуството на злосторничкото здружување на власта, отколку што мислев пред именувањето на фелдмаршалот од Карпуш за главен глупантроп на хунтата во оваа фаза на битката!

Од што му е ова на Сте Фчо?!

Може ли на жив човек да се изврши обдукција!? Мора да може ако сакаме да дознаеме од кога и од што му е ова на Сте Фчо!

УСТАВЕН СУД

Ние него никогаш нема да го помилуваме

Статусот на Уставниот суд не зависи од тоа каква одлука ќе донесе во врска со помилувањето: ние него никогаш нема да го помилуваме зашто тој е мафиотска инсталација на злосторнички скотови што треба да се растури како „бугарска скупштина”!

Па, добро, Гошева, еве ти ги идиотите, помилувај ги!

Па, добро, Гошева, еве ти ги идиотите, помилувај ги, со пердуви, со магична крпа, со дланките, околу, па внатре, помилувај ги однатре, не заборавај на јазикот, нема везе, само свршeте - и да ве нема, пичка ви лепа материна!

КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ ОД ВМРО

Соопштение

Бесплатна храна за вмровските контрапротестанти денеска ќе се дели на следниве локации:

-Дом на хуманитарните организации „Даре Џамбас”

-Црква „Света четворица“, на влезот во Скопјанг откај Куманово

-На „Стража“ (мекици; јогуртот се плаќа)

-Во Министерството за финансии, во кафеаната на петти кат, карши градинката за децата вмрофчиња.

-Во Италијанскиот ресторан „Џино”- огризина!
„Горско началство на вемерето во соработка со Владата на Република Македонија”

Каде е тука уставниот суд?!

Во бегалскиот камп Идомени, синоќа околу 20 часот влегле десет автобуси со вмровски контрапротестанти!

-Што е, бе, браќа, што навака - ги прашале Сиријците?!

-Еве - рекле зомбираните - чувме дека ќе се дели бесплатна храна; каде е тука уставниот суд?!

Што се прави ако пукне лева гума?

Што прават зомбираните вмровски контрапротестанти кога ќе им пукне левата гума на автобусот!?

Излегуваат и ја пукаат десната!

ХОРХЕ

Космодискот на Хорхе врз скршениот рбет на медиумите!

Слушам дека таканаречениот претседател го прифатил барањето за средба кое утринава му го упатиле ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии.

Убаво од негова страна, но разочарувачки од страна на сите кои во недостиг на попаметна работа или на возбудлива идеја, побарале средба со трагачот по исчезнатото богатство на Европската унија и на Германија!

Подобро да отишле кај Ѕинго или кај Есма Реџепова!

Освен ако човекот не почнал да гледа во кристална топка или на јајца на око или ако не изразил спремност да го стави својот космодиск врз скршениот рбет на медиумите, што би рекол Борис Георгиевски, во кој случај спремни смо извинити им се!

Милост по Хорхе

Хорхе рекол дека никогаш нема да помилува педофили, силувачи и фалсификувачи на избори!

Ако не се членови на вмровската фамилија!

Додале добрите познавачи на состојбите.

Јас, пак, велам: сеедно е, Хорхе, мислам, сеедно е дали ќе ги помилуваш, ќе ги тепаш или нешто друго ќе им правиш, освен, можеби, ако не ги викнеш, кобајаги на седница на Советот за безбедност, па тука да ги исецкаш со големиот „делимано” нож, прво нив, па себе си и парчињата да ги закопаш во дворот на вилата на Водно! Во тој случај би можеле да разгледаме има ли во тој чин елементи на олеснителни околности!

Хорхе од „Брајановото житие“

Во бесрамната кавга со Германија, Хорхе ме потсетува на Евреинот кој во „Брајановото житие“ кукумјавчи и вика дека освен што изградиле патишта, канализации, водоводи, плоштади, храмови, базари, и слични чуда, Римјаните не направиле ништо за Евреите!

БЕЕМВЕ, НАСИЛСТВО И КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ

Ќе се извинат ли македонските беемвеи!?

Автомобилскиот гигант БМВ се извинил поради своето воено минато и признал дека ги снабдувал нацистите со возила, при што компанијата користела работници-робови што ги обезбедувал режимот на Хитлер - пишува „Слободен печат“.

Јас мислам дека во слична позиција се голем број фирми кои изминативе десет години соработуваа со режимот на Никола Груевски. Тие знаеја или можеа да знаат дека нивната соработка во ѕидањето на „Скопје 2014“, да речеме, е дел од процесот за кретенизирање на просторот и на општеството со крајна цел уништување на Македонија и на македонската идеја. Така е и со другите проекти на режимот. Тие компании и нивните сопственици и раководства натрупаа огромни богатства откинати од граѓаните на Македонија како златните заби на убиените логораши што им го корнеа нацистите ослободени од грижата на совеста и преку ставот дека на мртвата уста не ѝ требаат никакви заби а камоли златни!

Сите што се окористија врз ужасната трагедија на граѓаните заслужуваат најостра осуда која, освен моралниот аспект, треба да го разгледа и прашањето за враќање односно одземање на профитите. Сите тие задолжително треба да им се извинат на луѓето во Македонија. Нивното вистинско покајание може да се види во нивната соработка при судското процесуирање на Злосторничкото здружување на власта на која толку верно ѝ служеа!

Миротворството знае да роди страшно насилство!

Можеби има некое зрнце разум во ставот дека треба да ја поштедиме земјата од судир со чипираните идиоти на власта, но пред да се донесе конечен суд по тоа прашање треба да се знае дека самиот тој став е своевиден акт на насилство, акт кој го овозможува насилството на власта и како актуелна состојба и уште повеќе како закономерна ескалирачка димензија. Сакам да кажам дека нивото на насилството нема да се намали или да престане или да исчезне во миротворските позиционирања на алтернативата, туку, обратно, ќе се зголемува, правопропорционално на интенциите на опозицијата за мир и таканаречена стабилност, бидејќи власта, таква каква што ја имаме, го смета насилството за единствена разумна артикулација на своите погледи во друштвото на таквата опозиција и јавност. Притоа, насилството не мора да биде само физичко, макар што мора да биде и физичко, туку и насилство низ медиумите, низ образованието, низ сферите на културата и моралот и слично! Конечно, се заборава дека во вакви околности, изборниот процес повеќе е „велелепна“ прилика за демонстрација на насилничките ориентации и потенцијали на власта, отколку за институционален и демократски излез од кризата!

Општеството, со други зборови, мора не само да се врати на своите слободарски изблици од пред една година, туку мора и да ги радикализира!

Три добри вести од хаосот со избирачкиот список

Собранието е толку нелегитимно што нема право ниту да постои ниту да се самораспушти ако случајно му се чини дека постои!

Тоталната нелегитимност на власта, за што имаме докази во хаосот на избирачкиот список, ни дава право да не ги признаеме сите долгови што се направени на наша сметка на странскиот и на домашниот пазар. Имаме основа да водиме судски спорови во врска со оваа и на меѓународно ниво.

Комплетното правно наследство и материјалните последици на нелегитимната власт се пригласуваст за неважечки!

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 14-18.03.16.
Слики: Свирачиња