Зошто сум против повторно седнување на каква било маса

19.04.2016 01:48
Зошто сум против повторно седнување на каква било маса

Зошто сум против повторно седнување на каква било маса?

Ајде, ќе пробам да објаснам.

Веќе двапати седнавме на маса и договаравме правила на играта која ја играме. Си пруживме рака и рековме: утре излегуваме на полјанка и играме фудбал. Топката ќе ја шутираме со нога, не смее да се фаќа со рака (освен голманот кој брани). Ќе има два гола. Ќе играат по 11 играчи од секоја страна и ќе има тројца судии.

Излегуваме следниот ден на полјанка, а таму 15 противнички играчи кои веќе избркале двајца од судиите. Кај противничката екипа 3 топки кои си ги подаваат со раце и нема воопшто гол во кој може да се шутира. На нашата страна 2 гола во кои се уфрлуваат топките.

Фаули фрчат, судијата свири, а противничката екипа го исфрла и последниот судија и вели: не ни треба некој цело време да свири. Не вознемирува и не можеме да си играме како што сакаме.

Ние се буниме и велиме, не може да се игра во вакви услови. А тие ни велат: ајде да играме и нека победи подобриот.

И сега, после две вакви договарања, велат: ајде пак да се договориме и доста избегнувате да играте фудбал.

Што мислите, кој е будалата во целата оваа приказна?

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Странски служби