Зошто ја сакам шарената револуција

22.04.2016 02:16
Зошто ја сакам шарената револуција

Шарената револуција е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило на Македонија. Таа сплотува и се спротивставува на сивилото на режимот и мртовечкото белило на Скопје 2014.

Шарената револуција е сè што ВМРО не е, таа е мултиетничкост и мултиконфесионалност, различни идеологии вплотени во една цел. Таа е скопско корзо во мај, референдумот за ГТЦ од април лани, битката за Радика, расцветана цреша на „Макси Ѓорѓија, пркос и џунџуле од маџирмаалски двор, боите на Маврово на есен.

Шарената револуција е кул, таа е и љубов и опомена, и желба и непокор. Шарената револуција е спас и темел за една нова, здрава, шарена, просперитетна Македонија. Знајте дека шаренилото ги вклопува и ги слави различностите . Сакам да сум шарен! Доста ми е од сивилото на власта!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото