Балади за скопските лигуши

23.04.2016 15:24
Балади за скопските лигуши

Денеска се гушнав со Боки 13-ка

Денеска се гушнав
Со Боки 13-ка
Пред СЈО.
Значи
До толку
Сме решени
Да го рушиме
Режимов!

Балада за скопските лигуши

Доказ дека
сите вчера
беа од Скопје
е тоа што
речиси никој
не успеа
да добаци
до зградата
на владата.

Сите сељаци
кои држат до себе
паселе овци
како деца.
А ако си пасел овци
како дете
или омладинец
добро знаеш дека
едини начин
да вратиш
забегана овца
на прав пут
е да ја погодиш
со камен у глава
на растојание од 50 метра!
Баш колку што имаше
од тротоар
до влада
синоќа.


Илија Најдоски го спасува Груевски?!

ОХ НЕЕЕЕ!
Легендата на македонскиот фудбал
Илија Најдоски
е дел од одборот за спас
на Груевски?!

Грујо бе мораше ли
и нашите херои
да ни ги избербатиш бе
копиле едно
скапано?


Како лав со антилопа

ДПМНЕ го работат народот,
го силуваат, го лажат, го крадат,
си играат со него
како лав што си игра
со мала антилопа.

Мактел остро реагира на постапката на Петрит Сарачини

Како бе црни Петрит
не го погоди по тоа челенката
и по устата погана?
Едно гомно помалце,
племето да му го ебам гомнарско!
Вујко му Жоро го внесе во медиумите
овој залутан полноглавец
за сега да го ишкаме
како досаден комарец
во сред август
во пет сабајле.


Јавно му се нудам на Влатко Васиљ

Јавно ја Саше Политико му се нудам
на кралот на социјалните мрежи
твитер и фејсбук ѕвездата Влатко Васиљ
да го носам на грб од СЈО до пред собрание!

Нема да биде лесно
ама пошто Влатко е секси бич со вајано тело
и спаѓа во перо лесна категорија
а ја сум категорија свиња пред колење
мислам дека нема да биде голем проблем ова да се изведе
а и под секојдневни тренинзи сум со синот
се носиме на грб од Кисела Вода до Карпош и назад.

Е па Василе, бива ли предлогот и понудата?


Слики: Свирачиња