Дневникот на Салвадор Дали на аукциска продажба на надреалистички артефакти

25.04.2016 00:12
Дневникот на Салвадор Дали на аукциска продажба на надреалистички артефакти

 

Фотографија од необјавениот дневник на Салвадор Дали кој освен уметнички чкртаници вклучува и пресметки на трошоци на уметникот

Галеријата „Сотби“ во Париз продава приватна колекција која опфаќа артефакти од испреплетените комплексни животи на некои од најпознатите дадаистички и надреалистички уметници.

Меѓу бројните артефакти кои се дел од оваа приватната надреалистичка колекција се наоѓа и необјавениот дневник на познатиот сликар Салвадор Дали. Дневникот се состои од страници преполни со слики на извртени голи фигури и разголени жени носени од коњи кои галопираат, како и страници со пресметки на трошоци, кои се појавуваат како дел од содржините кои го покриваат периодот кога уметникот се вљубил во сопругата на еден од своите најдобри пријатели и колеги уметници.

Дневникот оваа недела ќе биде даден на аукција од страна на галеријата „Сотби“ во Париз, со проценка до 50.000 евра, меѓу 500-те артефакти вклучувајќи и дваесет писма и скици на Пикасо, меѓу кои и цртеж нацртан на задната страница на мени од ресторан, и илустрирани писма, фотографии и песни од Андре Бретон, Рене Магрит, Хуан Миро, Макс Ернст, Роланд Пенроз и многу други, со предвидена рекордна цена од повеќе од четири милиони евра.

Цртеж на Пикасо нацртан на задната страна на разгледница

На една весела празнична разгледница од Пикасо испратена до поетот Пол Елијар во Париз, потпишана од група луѓе, вклучувајќи ја и неговата љубовница Дора Мар, пишува: „Сите ние ги сакаме нашите пријатели“ (Ici on aime ses amis), што секако било вистина. Пол и Гала Елијар претходно живееле во „тројка“ (ménage à trois) со Макс Ернст, кој ја дизајнирал корицата на книгата на Елијар со мотото „после мене само сон“ (apres moi le sommeil), пред Гала да ги напушти и двајцата и да замине со Дали.

Зачуваните артефакти докажуваат дека пријателствата сепак опстојале: колекцијата вклучува портрет на Елијар насликан од Ернст, и неговите дваесетина скици на Гала, како и книга која Елијар им ја подарил на Гала и Дали откако се венчале, потпишана од него и Ман Реј на која стои: „Од нас, со цело срце“ (de tout notre coeur). Дали и Гала, и покрај многубројните афери останале во брак до смртта во 1987 година.

Оригинален акварел на Миро кој е дел од аукцијата

Во други писма, Пикасо пишува за своите комплексни врски. Едно од тие писма делумно напишано од Мар, започнува занесно: „Ах, колку е пријатно да се сака“ (Ah, qu’il est doux d’aimer).

Колекцијата која ќе биде продадена во вторник, била составувана во текот на децениите од страна на сопственикот и неговиот син, и важи за една од најдобрите приватни колекции.

Извор: www.theguardian.com

Слични содржини

Култура / Уметност / Теорија / Историја
Култура / Уметност
Култура / Уметност / Око
Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото