Филип Петровски: соросоидите подобро да останат дома, сè додека не преминам во друга партија

28.04.2016 04:47
Филип Петровски: соросоидите подобро да останат дома, сè додека не преминам во друга партија

Скопје, 28 април 2016

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, истакнат борец против образование на албански јазик, основач на Демократска десница и повторно член на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, им порача на демонстрантите кои протестираат против аболицијата на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ:

„Соросоиди, подобро да не излегувате од дома, барем додека сè уште не сменам страна. После тоа, на сигурно сте, а може ќе протестираме и заедно.“

Петровски објаснува дека неговиот гнев ќе трае сè додека трае и неговиот директорски мандат доделен од ВМРО-ДПМНЕ, или додека не се промени власта.

„Дотогаш, опасен сум за соросоиди“, поентираше Филип Петровски.

Слика: Свирачиња