Нема правда за Зоран Божиновски – нема мир!

04.05.2016 11:38
Нема правда за Зоран Божиновски – нема мир!

Поранешниот министер Миле Јанакиески е аболициран 16 пати за изборен криминал и корупција, а новинарот Зоран Божиновски (кој пишуваше за неговиот изборен криминал и корупција) е во притвор!

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска е аболицирана 13 пати за изборен криминал и корупција, а новинарот Зоран Божиновски (кој пишуваше за нејзиниот изборен криминал и корупција) е во притвор!

Поранешниот премиер Никола Груевски е аболициран 7 пати за изборен криминал и корупција, а новинарот Зоран Божиновски (кој пишуваше за неговиот изборен криминал и корупција) е во притвор!

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е аболициран 6 пати за изборен криминал и корупција, а новинарот Зоран Божиновски (кој пишуваше за неговиот изборен криминал и корупција) е во притвор!

Тоа се вкупно 42 аболиции на 4 криминални политичари! А новинарот кој пишуваше за криминалот на политичарите е во притвор.

Како е можно сите криминални политичари и сите „шпиони“ и „соработници на странски служби“ од УБК да бидат аболицирани и на слобода, а новинарот кој пишуваше за нивните криминални дејанија да биде во притвор?

Може ли да има мир со 42 аболиции за злосторничкото здружение за изборен криминал и корупција, без правда за новинарот кој го обелоденувал криминалот на политичарите?

Може ли да има мир со 42 аболиции за злосторничкото здружение за изборен криминал и корупција, а во затворите да гнијат политички притвореници и затвореници наместени од злосторничкото здружение?

Ако нема правда за новинарот Зоран Божиновски и сите други политички притвореници и затвореници, тогаш да ти се плукнам во таквиот „мир“ – со аболицирано злосторничко здружение кое ја киднапираше државата и го ограби народот!

Извор: Слободна Македонија
Слика: Небојша Гелевски