Пандов: Нема никакви протести во Македонија, по улиците се слави титулата на Лестер

04.05.2016 10:50
Пандов: Нема никакви протести во Македонија, по улиците се слави титулата на Лестер

Скопје, 4 мај 2016

Аналитичарот Александар Пандов демантира дека во Македонија има протести и политичка криза и апелира до странските медиуми да не шират лаги и невистини за нашата земја.

Тој тврди дека како и во многу други градови низ Европа, така и во Македонија се слави големиот успех на фудбалскиот клуб Лестер сити – освојувањето на титулата во премеир лигата. Според Пандов, единствената разлика е што во повеќето градови, прославата беше без инциденти, додека во Скопје навивачите на Лестер се главно хулигани.

– Уште еднаш сакам да ги повикам навивачите на Лестер во Македонија да ја прославуваат титулата мирно и достоинствено, без дивеење по улиците и уништување на јавен имот. Свесен сум дека освоената Премиер лига ги побудале од радост, но хулиганското однесување само лошо зборува за навивачите на Лестер – рече Пандов за Вечер.

Тој најави дека навивачите на кои Лестер не им омилен клуб би можеле да организираат контрапрослава.

Извор: www.kozanostra.net