Надриемоција

04.05.2016 11:57

Народно чувство е како кога велиш
масовна единка, од себе лишена особеност, куп субјективитет,
или како кога, во еден здив, изговараш
канибалска префинетост, ниска возвишеност, одвратна љубов,
изворна копија, скудно богатство.
Оксиморон му е името.
Кога чувствуваш народно не чувствуваш ти
те нема тебе, некоја незнајна толпа
се огласува од длабоката темница на она
што си пропуштил да го осветлиш
додека уште си бил при себе.

Превод: П. В.

Слободан Благоевиќ (Slobodan Blagojević, роден во Сараево 1951), југословенски писател и интелектуалец. Објавил пет поетски книги, превод на „Собраните песни“ на Константин Кавафи, неколку антологии, две книги со есеи. Бил уредник на списанијата „Израз“ (Сараево, 1976-1979), главен уредник на славното списание „Дело“ (Белград, 1987-1992) и на „Erewhon“ (на англиски јазик, Амстердам, 1994-1997). Објавува и под хетеронимите Анхел Антониќ (три книги со песни) и Аристид Теофановиќ (драма и три прозни книги).

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото