Додека орелот не го исклука телото

05.05.2016 13:05

Маката словенска тргнала на пат
во тврда наметка од струготини
со неколку дебели подфустани
со гаќи и подгаќи со фута
гамаши волнени чорапи
шарени како исткаена ливада
со стада белорунести
чипки сукнена торба
јоргани јастучници и преслека
со стомачишта
и подстомаци со црвени образи и подбрадоци
со кофи млеко дуњи суви ребра
пити сирење медни кошници
со жарач и маши
мевови полни воздишки со ракиски буриња
поширока од сопствениот обем заакана
по правливиот пат оди
на врв свет да се качи
да ја осети од близина љубовта на синот
штитена со татковските канџи
и со светкањето на ножот под гркланот
во инфинитезималните одломки на времето.

Превод: П. В.


Слободан Благоевиќ (Slobodan Blagojević, роден во Сараево 1951), југословенски писател и интелектуалец. Објавил пет поетски книги, превод на „Собраните песни“ на Константин Кавафи, неколку антологии, две книги со есеи. Бил уредник на списанијата „Израз“ (Сараево, 1976-1979), главен уредник на славното списание „Дело“ (Белград, 1987-1992) и на „Erewhon“ (на англиски јазик, Амстердам, 1994-1997). Објавува и под хетеронимите Анхел Антониќ (три книги со песни) и Аристид Теофановиќ (драма и три прозни книги).

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото