Мало деспинување за протестите

06.05.2016 03:43
Мало деспинување за протестите

Мислам дека е време за мало деспинување:

1. Луѓето кои протестираат на улиците не се против избори или пак за доаѓање на власт без избори. Напротив. Тие бараат избори. Меѓутоа не какви било, не лажни, не имитација на избори, туку вистински, слободни, фер избори. Избори на кои луѓето без страв, врз основа на вистински информации и во демократска атмосфера ќе ги изберат оние кои ќе ги застапуваат нивните потреби и интереси во наредниот период.

2. Луѓето кои протестираат на улиците немаат намера да го менуваат името на државата. Тоа и не е цел на протестите, ниту пак некој за тоа зборувал.

3. Луѓето кои протестираат на улиците не им сакаат зло на граѓаните на Македонија. Едноставно мислат дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобро. Тоа не е зло, нели?

4. Луѓето кои протестираат на улиците не се борат да дојдат на власт. Тие се борат секој кој ќе победи на изборите да запамти дека власта е во рацете на граѓаните и може да биде на чело на државата сè додека тоа што го прави е во интерес на граѓаните.

5. Луѓето кои протестираат на улиците не излегле да уништуваат. Тие се излезени да ги обележат објектите преку кои се манифестира самоволието на актуелните узурпатори на власта, објектите кои го симболизираат неодговорното трошење на парите на граѓаните и кои се изградени без да бидат прашани граѓаните.

Можеби е време да седнеме да разговараме, ние граѓаните, и да ги расчистиме малку работите.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски