Сите ме гледаа како да сум им бркнал со курот у пијачката

06.05.2016 10:47
Сите ме гледаа како да сум им бркнал со курот у пијачката

Сите ме гледаа како да сум им бркнал со курот
у пијачката

Во петокот
имав блиска средба
со режимот.

По подолго време
решивме да отидеме во дискотека
со сопругата
и решивме
да ја провериме фамозната Станица 26
дискотека неофицијално
сопственост на синот на Сашо Мијалков.

Пред дискотеката беше паркирано
најново бело БМВ седмица
со вклучени трепкачи.
Баш пред вратата.

Потоа дознав
дека тоа е лимузината
на шефот на ДБК.

Стоеше на втората маса од десно
заедно со Никола Тодоров и Ивица Коневски.
Друштво им правеше
газдата на Капитол и Стоун Бриџ
бизнисменот Ајдован Адемоски.

Сигурно и на него му ја врзале
јамката околу вратот
како и на газдата на Здравје Радово.

Поминав покрај Сашо.
Беше потпрен
со лактот на масата.

Застанавме на долниот дел од
- за скопски услови -
малата дискотека
па можевме да се видиме.
Иако дискотека
сепак имаше доволно светло.

Потоа крај мене помина Никола Тодоров
и ме потчукна во гужвата.
Не ми се веруваше дека копилето
има храброст после сите скандали
да се појави во ноќен клуб
и да се џуска?!

Не знаев како ќе реагирам
ако ни се сретнеа погледите.
Сепак сигурен сум дека ќе му се доближев
и ќе му речев на увце:
Како бе не ти е срам гомно едно?!

Убаво си поминав,
имаше диџеј од САД
пушташе добро техно.
Но, си реков, на овие им гори под нозе,
ги бројат последните денови
во кои се газди на Скопје и Македонија.
Веројатно решиле
за последен пат да удрат чалам.

Имав чувство дека дискотеката
е преполна со ВМРО-вци.
Сите ме гледаа
како да сум им бркнал
со курот у пијачката.


Кабинет на претседателот на РМ

Пред неколку дена
се возевме со жената низ Скопје
колку малце да се издуваме
од целиот стрес со нападот
и тргнавме кон Водно.

Решивме да скршнеме на десно
кај школото Кочо Рацин
да видиме кај требало
да биде таа вила на Грујо.

- Значи, и кога одмара
фамилијата Ивановски
мисли на политика :D -

И возиме возиме
и доаѓаме до една порта
и патот завршува.
Пред портата подолу има табла:
Кабинет на претседателот на РМ.
Ок, викам, значи ова му е вилата на Хорхе.

И продолживме.
Кој го ебе у суштина
идемо даље.
Кога нè сопре друга порта
од друг објект
- и тука патот заврши.

Застанавме.
Излезе едно бате, цајкан.
Отворив прозор и му викам
шефе абе ова амбасада е
или вила на премиерот?
А мора ли да ти кажам,
ми одговори.
Му викам, не, не мораш,
ама дај кажи шо има везе.
Ми вика, ова е вила на претседателот.
Му викам, а она подоле што е
лево од патот?
Е па тоа му е кабинетот.
Аааа, му викам.

Потоа си мислам,
значи на копилево Хорхе
владата му направила
два објекта:
едниот кабинет каде што демек работи
а гарант по цел ден млати плејстејшн
а другиот погоре му е куќа
каде исто млати плејстејшн
ама овој пат со децата и со жената.

Гарант ова е само претпоставка:
и доле обезбедување и персонал
и горе обезбедување и персонал.

И на двете места
струја вода греење послуга одржување
чуда и врагови.


Диме Спасов со внуката на Лазар Колишевски

Утрово се разбудивме рано
и решивме да јадеме омлет
на една тераса до езерото.
Сами бевме на една маса
а две маси подолу
уште една фамилија
- никој друг.
Штама во Дојран
уште сите спиеја.
Кога се загледав малку
што да видам:
Диме Спасов со внуката
на Лазар Колишевски.
Ебати јајцата
ми се одјадоа...

Ете ги пак Диме со жената

Шетаме така
немаше никој друг
на долниот дел од кејот при крајот
кога ете ги пак
Диме со жената
идат право накај нас.
Диме почна да се кези.
Јас погледнав во земја и стиснав заби.
Ако ни се сретнеа погледите
ќе ми пукнеше филм
и ќе направев сцена.
А не сакав.
Сакав барем еден ден да заборавам
дека сум Саше Политико
и дека живеам во Македонија
и дека се разминувам
со копилето Диме Спасов
кој се срами што е зет на Лазо Колишевски.

Слики: Свирачиња