Онлајн донации за Шарената револуција во Македонија

18.05.2016 14:59
Онлајн донации за Шарената револуција во Македонија

Поддржувачите на Шарената револуција ширум светот сега можат и преку онлајн донации да го поддржат протестното движење. Заинтересираните можат да донираат на веб-страницата www.generosity.com, а нивните донации можат да бидат јавни или тајни.

ЗОШТО НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Ѝ ТРЕБА ВАШАТА ПОМОШ

Слобода, демократија, владеење на правото - три суштински елементи неопходни за добросостојба во секое општество се длабоко загрозени во Република Македонија.

Граѓанското движење наречено „Шарена револуција“ се стреми да ги воспостави повторно. Ве молиме помогнете со донација. Средствата се наменети за следните потреби:

- правна помош за активистите обвинети за повреди на законот, против кои што е можна судска постапка, со финансиски и други видови на казни

-помош во материјали за понатамошни протести

- помош за публикации, брошури или рекламен простор во медиумите каде што дијаспората може да ја изрази својата поддршка кон ова граѓанско движење

ОкоБоли главаВицФото