Шарам, ПРАВДА барам!

18.05.16 16:35

Вчерашниот протест на Шарената револуција мина во знакот на борбата против еднопартиските избори што власта сакаше да ги организира, како и во знакот на борбата за еднаквост на сите луѓе, без огледна нивната сексуална или каква било друга припадност.

Граѓаните се собраа пред канцелариите на СЈО, носејќи транспаренти „Шарам, правда барам“ и „Молкот = смрт“.

И овојпат не изостана веќе традиционалното боење на зградите кои го симболизираат режимското зло и насилие.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото