Апарат кој преведува странски јазици во реално време

20.05.2016 01:31
Уред кој преведува странски јазици во реално време

Да се научи да се комуницира течно на друг јазик е тежок процес кој бара повеќе време, и недоразбирањата кои произлегуваат од малите разговорни грешки можат да ги попречат мултикултурните врски. Компанијата Waverly Labs сонува за свет без овие јазични бариери, а нивниот одговор доаѓа во форма на едноставен, но брилијантен нов апарат кој може да се носи во уво. The Pilot е мала направа за носење која користи технологија за превод со чија помош две лица можат зборуваат на различни јазици и (речиси) инстантно меѓусебно да се разбираат.

Малата слушалка оди заедно со апликација која на корисниците им овозможува од своите телефони да одберат на кои јазици би сакале да комуницираат. Секое парче е дизајнирано да може да овозможи комуникација и на различни дијалекти на избраниот јазик. Една личност може да разговара со кое било друго лице кое исто така носи слушалка, а системот функционира и кога нема интернет.

Во апликацијата на овој апарат достапни се англиски, шпански, француски и италијански јазик, но понатаму ќе бидат вклучени и многу други јазици. Компанијата има за цел апаратот Pilot да го лансира годинава кон крајот на есента, а поради големиот интерес производот веднаш ќе биде ставен на продажба.

Откако ќе завршат промотивните продажби, се очекува Pilot да се продава меѓу 249 и 299 долари. Секој пакет вклучува Pilot и резервна слушалка, полнач и дополнителна апликација. За заинтересираните за неверојатниот напредок во глобалните можности за комуникација, информациите се достапни на страницата на компанијата насловена Indiegogo.

Извор: www.mymodernmet.com

 

ОкоБоли главаВицФото