Авионот на соларна енергија слета во градот на браќата Рајт

25.05.2016 10:27
Авионот на соларна енергија слета во градот на браќата Рајт

Авионот Солар Импулс 2, кој лета на сончева енергија, во саботата доцна вечерта слета во Дејтон, со што заврши уште еден дел од патувањето околу светот на кој ги промовира чистите извори на енергија.

Авионот полета 17 часови претходно од Талса, Оклахома. Во градот кој беше дом на пионерите на авијацијата, Орвил и Вилбур Рајт, авионот го дочека наследничката на браќата, Аманда Рајт Лејн.

Авионот го започна патот околу светот во март минатата година со полетувањето од Абу Даби.

Проектот за промоција на технологијата која се потпира на чистата енергија го финансираат швајцарските пилоти Бертранд Пикард и Андре Боршберг, кои се менуваат во управувањето со авионот и се надеваат дека патот ќе го завршат онаму каде што го започнаа – во Абу Даби.

Пикард на Твитер, патувањето долго 1 609 километри го нарече „магичен лет“.

Авионот SI2, кој лета со помош на Сончевата енергија од 17 илјади ќелии прицврстени на крилата со должина од 72 метри (речиси еднакво долги како оние на Ербас А380), ќе прелета вкупно 35 илјади километри. Просечната брзина на летот е помеѓу 50 и 100 километри на час, а просечната висина на која летаат е 8 500 метри.

Патот досега го одведе низ Индија, Мјанмар, Кина и Јапонија. Авионот го постави рекордот за најдолг лет на Сончева енергија кога без прекин прелета речиси 8 300 километри од Јапонија до Хаваи.

22.05.2016

Извор: http://www.jutarnji.hr

ОкоБоли главаВицФото