Сон

25.05.2016 12:39
Сон

Во една пустелија во Иран има една не многу висока камена кула, без порта ниту прозорец. Во единствената соба (чиј под е од земја и која има кружна форма) има дрвена маса и клупа. Во таа кружна ќелија, еден човек, кој личи на мене, пишува со карактери, кои не ги разбирам, долга поема за некој човек којшто во друга кружна ќелија пишува поема за човек во друга кружна ќелија... Процесот нема крај, и никој не може да го прочита она што затворениците го пишуваат.

 

Извор: Потекло на зборот - антологија на аргентински расказ, Слово љубве, Скопје, 2013

Превод: Фросина Стојковска
Слика: Џоел Робинсон

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото