Како беше пред Беко

25.05.2016 18:31
Како беше пред Беко

Како беше пред полициска станица Беко:

– дојдоа многу луѓе во поддршка на Уранија и Најче
– наоколу имаше распоредено еден тон цајкани и имаше и ВОДЕН ТОП
– Најче фрли боја врз Беко
– на распит полицајците едвај чекале да завршат со испрашување на Уранија
– во меѓувреме се појавија малолетни контрадемонстранти со синтаксички погрешно распоредени неинтелигентни транспаренти

Значи: полицијата се чичка околу страшните демонстранти што фрлаат боја во знак на револт против убијците и крадците што ни ја јадат сегашноста и иднината и ги заплашува со водени топови, прекршочни и кривични пријави, а Здравко Савески и Владимир Куновски се сè уште во куќен притвор.

Нема да ви помине.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографии: Ванчо Џамбаски