Тотално лудило

28.05.2016 11:30
Тотално лудило

Интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, кое „Телеграф“ го објавува на делови, би требало да се чита како здравствен билтен. Како сведоштво за стварноста во која живееме и доказ на тезата на филозофот дека не само луѓето, туку и времето може да полуди. Во оваа, благо речено, полуписмена творба врие од крајно неодговорни пораки за насилство, закани, навреди и, пред сè, дијагнози. „Тотално лудо!“ - заклучи Груевски, откако раскажа („од она што сум го слушал“) како на предавањата во Сорос („мислам некаде во 2009 година“) учесниците ги терале да се качат на маса и да скокнат врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ!

И во вториот дел на „интервјуто“ владее истото лудило. „Еве, нема да се занимавам со инсинуации и со аферите што го следат работењето на СЈО, ќе се задржам на неспорните факти“, вели лидерот, и констатира: „Вакво СЈО ниту договоривме ниту кој било нормален човек може да го поддржи“. Голем број влијателни институции и поединци - интелектуалци, политичари, амбасадори, па и лидери на најмоќните земји во светот, сметаат дека Специјалното јавно обвинителство е единствена нормална институција на која може да се потпрат, барајќи излез од хаосот и лудилото што владее во земјата. И поради тоа тие секојдневно, во секоја пригода му даваат отворена, целосна и недвосмислена поддршка. Пред да биде објавено интервјуто на Груевски, сите живеевме во заблуда дека можеби меѓу нив има некој - кој било - нормален човек.

Извор: Слободен печат
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото