Есента

31.05.2016 16:04

Си бил еден човек што нашол два листа и влегол
дома држејќи ги в раце и им рекол на родителите
дека е дрво.

На тоа тие рекле па излези во дворот и не расти
во дневната бидејќи твоите корени може да ни го
уништат тепихот.

Тој рекол се зезав не сум дрво и ги пуштил
лисјата.

Но родителите рекле види стигна есента.

Превод: М. Х.

Расел Едсон (Russell Edson, 1935-2014), поет, прозаист, илустратор... Повеќето книги ги објавил во мали издавачки куќи и со сопствена графичка опрема. Главно не е застапен во најважните антологии на новата американска поезија, иако неколкумина влијателни поети (Дениз Левертов, Марк Стренд, Дејвид Игнатов) го сметаат за значаен автор. Едсон пронашол сопствена форма, специфичен облика на песна во проза која се измолкнува од класификациите.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото