Михаела Иванова: Штом тие десно ќе фатат, јас лево ќе одам и ќе шарам со боја!

01.06.2016 12:16
Михаела Иванова: Штом тие десно ќе фатат, јас лево ќе одам и ќе шарам со боја!

Во обраќањето на вчерашниот протест пред собранието, Михаела Иванова од СДММ истакна:

„Селективна аболиција – може. Пиштоли во авион – може. Пари во шишиња – може. Насилство на изборите и тегнење за уши – може. Прикривање на убиства – може. Динамит за „Космос“ – може. Вистински куршуми за граѓаните на Шарената револуција – може. Притвор за невини демионстранти – може. Вработување на млади луѓе само под услов да имаат партиска книшка – може. Руинирани студентски домови – може. А слободна мисла – слободно изразување, односно, демократија, слобода, правда и мир – не може.“

Иванова пред присутните порача дека Шарената револуција ќе се засилува до конечно враќање на слободата и демократијата во Македонија. Потоа таа ја прочита песната „Молитва“ од Блаже Конески, со мали измени и додавајќи свој стих:

Молитва

Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат
како Мојсиј и другите пророци,
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам,
штом тие десно ќе фатат,
јас лево ќе одам и ќе шарам со боја!

– додаде Михаела Иванова, потенцирајќи: “Протестирам, протестирам за мене, за него за неа, за сите нас, затоа што заедно сме посилни – нема правда, нема мир!“