„Бојата се мие, крвта не!“

07.06.2016 15:40
„Бојата се мие, крвта не!“

Вчерашниот протест на Шарената револуција помина во знакот на годишнината од убиството на Мартин Нешкоски. Граѓаните во голем број се собраа пред СЈО, од каде се упатија кон Владата, но кај Соборниот храм беа запрени од кордон спецјалци.

Граѓаните успеаја да го пробијат кордонот и протстот продолжи пред Владата, која повторно беше шарана со рачниот катапулт. Демонстрантите уште еднаш јавно ги упатија своите барања до владата, овојпат надополнети со барањата до 18 јуни Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да се ослободат притворените активисти.

Протестот заврши на Плоштадот Македонија, каде со црвена боја врз белите мермерни плочки ндемонстрантите од Шарената револуција го обележаа местото кадешто пред пет години беше убиен Мартин Нешковски, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Обидот за криење на случката од страна на институциите за убиството кое го изврши полициски службеник, подоцна стана повод и за бројните протести кои под мотото „Нема правда, нема мир“ и „Стоп за полициската бруталност“ сè уште го тресат Скопје. 

Слични содржини

Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото