Уметност и порнографија

14.05.10 15:48
18.jpg

Невозможно е да се одреди прецизната граница меѓу еротското и порнографското. Често со моите пријатели разговарам на оваа тема, обидувајќи се да најдам добри аргументи со кои ќе ги одбранам разликите меѓу овие два пристапа, но заклучоците секогаш се контроверзни. Некои сметаат дека за порнографијата е карактеристично експлицитното прикажување на сексуалниот чин, како и на некои делови од телото, меѓу кои, се разбира, се гениталиите, додека еротиката на многу посуптилен начин се занимава со претставување на телата.

Како и да е, според мене, границата меѓу нив не е толку очигледна. Може да се направи разлика меѓу порнографијата и еротиката преку учеството, или отсуството на учество, на гледачот во сексуалната претстава. Во порнографијата постои учество преку сексуална возбуда, додека во еротизмот дури и ако постои некакво будење на желбата, тоа не е првичната цел. Во еротиката постои потреба за далечна интимност, барање сознанија за желбата и за задоволст6вото кои, како своја крајна точка, доведуваат до задоволство.

За да ја претставам оваа контроверза, ве препуштам на фотографиите на Властимил Кула. Уметност или порнографија?


Извор: obviousmag.org

Ум Етнос и Порнографија

Јас како обожавател пред се на визуелните уметности што нормално вклучува и фотографија можам  да кажам дека го гледам прво мотивот а потоа техниката па зана крај да би пробал да го сфатам уметникот и неговиот приказ сето тоа вкрстено со моите сфаќања и толкувања што автомаски ги делат делата на "на" црни или "бели" (добри/лоши;генијалност/лудост ; надежни/ОДВРАТНИ)и на прв поглед би рекол дека фоткиве не би ги сместил ни во плакар да плашат молци.. но скромно ке речам дека авторот може слободно да се надева на релативно добар фидбек и пред се ќе привлече внимание на поголемиот дел од публиката но тоа во никој случај не значи дека  уметникот и неговото дело се оригинални на некој начин и скапоцени.

Фоткиве не се ни за во

Фоткиве не се ни за во автобус на релација Берово-Смојмирово. Повеќе личат за насловна на весниците на уредникот Латас.

Доволно контраверзно за некој

Доволно контраверзно за некој кој не ја разбира уметноста.Со тоа мислам дека овој пристап кон “нештата“ би требало да биде сосема поинаков.Индивидуата што твори паралелно треба да го разбере своето авторско дело.

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото