Касапски кучиња

15.06.2016 12:18
Касапски кучиња

Како касапски кучиња што упаднале во месарница, така раководството и домобранското членство на ВМРО Фашистичка го ограбува и го растура сопствениот дом. Каса, рже, растргнува, гони и олајува сè и секого оваа глутница од незаситни пци.

Тоа се касапски кучиња. Без чест, достоинство, доблест, гордост, совест, образ и ум не може да се биде човек. Никој не може да им се препушти на ниските страсти, да назадува на ниво на животно – на добиток или на влекач – и да остане човек. Или си човек или си свиња, говедо, змија, пес...

Многумина овде се раѓаат како луѓе, а живеат како пци. Животот им минува врзани на ланец или како на џукели. Најлошите стануваат касапски кучиња. Мавтаат со опашките, ржат на секого, крадат кога можат, ја касаат раката што ги храни, локаат и лапаат се што најдат, кога прегладнат го јадат тоа што го изблујат, поганат се што допрат, лижат задници, им се тртат на посилните, завиваат, квичат, се дават меѓу себе... Оѕверени, разлигавени, запенети, бесни, дрчни, нишчи духом, зли, накострешени, накурчени, глупи пци. Залудно се преправаат дека се луѓе – ги издава песјото срце (Булгаков).

Добрите луѓе од Македонија – што од глупост, што од страв – збунети ги пуштија овие пци да влезат во канцелариите на управните згради, да им ги земат работните места, да седнат на управувачките фотељи, да облечат скапи костуми, да живеат во палати, да се овековечат на златноврамени портрети, да им создаваат кучешка историја, да им градат кучешка држава, да завиваат на плоштадите, да се брлават на телевизиските екрани, да лаат по весници, да им се напикаат во дневните соби, да јадат од нивната чинија, да им ги воспитуваат децата, да им легнат во брачната постела... наместо да ги замаваат со клоци и со стапови.

Денес стрвниве касапски кучиња се научија да јадат месо и не сакаат повеќе да глодаат коски. Наместо помијата што ја заслужиле сега ждерат кртина. А не сакаат ни да чујат дека нешто треба да се заслужи со труд, со ум и со знаење. Загубени во свет што не го разбираат, свет што ги застрашува, тие не знаат ништо, не се потрудиле во животот да научат ништо, биле мрзливи или неспособни да стекнат знаења и вештини, ама сè сакаат и мислат дека сè можат да добијат со безобразие и нечесност. Во секое време се подготвени да се здават меѓу себе за пленот, но ако некој ги нападне тогаш сите здружени скокаат да го растргнат.

Со касапски кучиња не може да се разговара. Треба да сте шлапнат по глава со мокра чорапа за да се расправате со пес (добрите намери не се оправдување за глупоста и лудоста). Ниту тие нешто разбираат, ниту можат, ниту сакаат. Не се можни „аргументирана дебата“, „соочување со факти“, „приведување докази“, „заедничко решение“, „разумен компромис“, „помирување“... Баш ги заболе пциве за вашите аргументи и факти. Не може да се разговара, договара и преговара со пци кои освен сила ништо друго не почитуваат.

Кога им велите дека крадат, тие ви велат дека вие крадете. Кога им велите дека лажат, тие ви велат дека вие лажете. Кога им велите дека ништо не знаат и дека само лаат, тие ви велат дека вие ништо не разбирате и само без врска лаете. Кога им велите дека ги превртуваат работите наопаку, тие ви велат дека вие ги превртувате работите наопаку. Кога им велите дека се луди, тие ви велат дека вие сте луди – следи музика од шпицата на „Зона на самракот“ – и вие, со вакви разулавени пци кои се преправаат дека се луѓе, сакате да разговарате, да преговарате и да се договарате!?

Затоа што крадат веруваат дека сите се крадци. Зашто мамат веруваат дека сите се измамници. Зашто грабаат веруваат дека сите се грабачи. Зашто се незаситни и насилни веруваат дека и сите други се такви. Зашто се пци веруваат дека и сите други се пци.

Кога пциве нешто ќе скршат или ќе уништат, кога ќе направат лом и штета, кога од бес ќе зајдат во грабање и крадење, кога ќе се посерат каде што не треба или кога ќе ги фатите како се обидуваат да ја запретаат украдената коска, кога ќе нападнат или ќе каснат некого – тие ве гледаат без да трепнат со своите големи кучешки очи, се лигават и мавтаат со опашката како ништо да не било, неодговорни и несвесни за злосторството што го извршиле. Тоа се касапски кучиња и таква е нивната кучешка природа.

Скокнале и му се качиле овие пци на народот, го исплазиле јазикот, ги ококориле очите, се тресат и се лигават додека му се редат и го прцаат и ниту со стап да ги мавате не можете да ги симнете од неговиот грб. И уште ви велат: За Македонија се работи!

***

Македонскиот народ треба да знае кои се денес неговите непријатели. Кои се тие што ја разнебитуваат државава и ја ограбуваат земјава. Тие се меѓу народот и народот треба да ги види такви какви што се навистина. Треба да умее да ги препознае. Бидејќи овој народ, загубен во простор и во време, збунет ги побрка чесните, добрите и умни луѓе со овие нечесници, злосторници и малоумници.

Како и на сите жртви, и на нашиов народ не му лесно да се соочи со злоставувачите и насилниците (секоја чест на храбрите граѓани што денес излегуваат на улица да ја бараат правдата). Па сега народов се колеба, се тртка, не му е нешто јасно, па не се сеќава најдобро како изгледале силувачите, па што ако утре не победи правдата, па што ќе прават тие ако насилнициве ги поткупат одново судиите или бидат осудени и избегаат од затвор, што ќе биде тогаш со нив и со нивните деца... И додека народот се тртка пциве го полнат мевот. Шетаат со кренати курци и накострешени ги застрашуваат луѓето бидејќи фрлениот камен уште не ги погодил, а подигнатиот стап уште не удрил по нивната празна глава. Што ќе биде утре тие не мислат зошто немаат ум за да мислат.

Значи, ви скокаат на врат пциве да ве дават, а од вас бараат да бидете политички коректни и граѓански воспитани!? Наместо да ги затепате? Или треба да бидете среќни и да ги пофалите кога малку попушти стисокот на вилицата со која ве дават. И за каква тоа омраза тие говорат!? Нема тука никаква омраза. Никој овде не мрази никого. Не може да се мрази пес кој те каснал! Но, тоа не значи дека треба да стоиме мирно додека ги забива забите во нашиот врат.

А тоа не е единствениот национален проблем. Тие улични пци не дојдоа од далеку, од зад планинините (од таму од каде онаа луда баба Мирка го плаши народот со бауци кои се токмат да го голтнат, а ние, замислете, пциве сакаме да ги врземе со синџири). Тие беа отсекогаш тука и скитаа по нашиве улици, градови и села. Како овој гнасен окот успеаа да го измами нашиов народ, како без збор народов дозволи да го јавнат и да му се изредат? Тоа е прашање на кое допрво ќе се бара одговор и одговорност. Дали некој заборавил да ја заклучи вратата, па пциве упаднале лаејќи и кревајќи толку врева што сите се збуниле? Или можеби некој ги намамил, некој скришно ги хранел, некој ги чувал или ги пуштил кај соседот да направат лом, а тие влегле и во неговиот дом и, мочајќи по мебелот за да ја одбележат територијата, таму останале?

***

Нема никакви делби и поделби меѓу граѓаните на Македонија. Нема делба и нема борба на Македонци против Македонци. Денес може само битанга или будала да говори за делби и за помирување. Зошто само битангите и будалите се прават или се толку луди што не разбираат дека криминалциве и нивниве корумпирани клиенти не се народ (колку и да ги има, а вие сега прашајте се од каде толку ги има за да можат лажно да се претставуваат како македонски народ).

Да се препознаат злосторниците меѓу сопствениот народот и да се бара да одговараат за сторените злосторства (а тоа подразбира обнова на правната држава) не значи делење на народот на спротивставени страни и предизвикување судир. Да се обидете да ги симнете од грб силувачите и да ги избркате од управните згради натрапниците или да ги турнете од власт заедно со нивните слуги, платеници и подлизурковци – тоа не значи „Македонец на Македонец рака да крева, да го убива, да го уништува?“ (Иванов). Тоа само значи Македонецот да ги затепа злосторниците и разбојниците кои го измамиле и го ограбиле. Македонецот има право да ја земе во свои раце правдата кога тие што треба да ја извршуваат ги штитат злосторниците.

Да се говори за подавање рака, простување и помирување со оние кои го мамеле и го ограбувале народот, кои го тормозеле десет години, го дупеле во здрава памет, му се изредиле како на кучка, го превеле жеден преку вода, го задолжиле до гуша, му го одзеле образованието и културата, му го одзеле тоа што тој народ го стекнал со труд и со мака, му ги избркале децата во туѓина, му ја украле иднината... простете, но тоа денес е исто така злосторство.

И не станува збор само за справување со злосторници, со криминалци и манијаци. Што ќе правиме со сите оние курви и кодоши, давајгазиња и подлизурковци, упикувачи и трчилажи кои добро ја наплатија од моќниците својата расипаност? Што ќе стане со сите тие преплатени безрбетници и влекачи што ја одржуваат оваа кучешка тиранија во живот? Дали сме подготвени да заборавиме и да продолжиме спокојно заедно да живееме со овие гнаси како ништо да не било? Дали утре ќе се поздравуваме со таквите кои им се упикувале на моќниците во газ и дали нема тогаш и нашите раце да бидат извалкани со говна?

Дали ќе им ги оставиме незаслужено заработените пари, сето она што го награбале додека сите зјапале со отворена уста од чудо, пликата со мито, дебелите банкарски сметки, оф-шор фирмите, нечесно купените станови и згради, со измама стекнатиот имот, преку врски добиените проекти и тендери, партиските вработувања и напредувања, директорските фотељи, раководните места, лажните дипломи и докторати, неправично добиените привилегии и признанија, безобразните хонорари, неверојатните патни и дневни трошоци, со наши пари купените автомобили и вили..? И што ќе правиме со корумпираните судии, со подмитените инспектори, со полицајците рекетери, со насилните државни службеници, со неспособните лекари, со полуписмените професори, со лажните стручњаци, со телевизиските измамници? Дали ќе продолжиме да се правиме дека не знаеме кои се и како се викаат тие што нè измамија и ограбија?

Дали утре ќе пиеме кафе со човекот кој нè измамил, нè ограбил и ни го уништил животот? Дали навистина ќе заборавиме? Дали ќе одиме на заеднички прослави, крштевки, сунети, свадби? Дали кога нè поканат ќе пливаме среќни во нивниот мраморен базен во вилата што ја изградиле крадејќи од нашиот џеб? Дали ќе јадеме на нивна трпеза кога нè послужат со она што го зеле од устата на нашите деца? Дали со блажена насмевка и тап поглед ќе седиме на нивниот стилски тросед со златни барокни ноџиња и црвени кадифени перничиња додека тие ни ги покажуваат фотографиите од егзотичните места каде биле на одмор со наши пари? Дали и натаму ќе се фотографираме како идиоти пред водоскоците, спомениците и спомен обележјата што ни ги наплатиле илјада пати поскапо од цената на тој евтин кич?

Ако не можеме да направиме разлика, ако не ја свртиме главата со гнасење кога тие минуваат крај нас, ако не станеме кога тие ќе влезат во кафулето каде пиеме редовно кафе со пријателите, ако со лицемерна насмевка одново ги поздравуваме, им отстапуваме место во автобус, им ја отчукуваме електронската картичка на работа, ги прашуваме какво е времето, како им е здравјето... ако трчаме по нив како пци... затоа што, сепак, тоа се наши пријатели, роднини, соработници, соседи и земјаци – тогаш треба да се запрашаме какви тоа луѓе сме самите ние?

Касапскиве кучиња ја оглодаа Македонија до коска. Сега ржат бесни и не ја даваат коската. Фатени на дело, со крвави муцки, избербатени, затерани во ќош, посрани од страв, тие ќе се борат до смрт да си ја спасат кожата – како и сите пци.

Толку врева дигаат и толку гласно завиваат; толку квичат ако само ги допреме; толку цимолкаат, ни ги лижат рацете и мавтаат со опашката кога се обидуваат да нè измамат; толку преплашени се кострешат и пенат, толку се дујат и курчат што ни изгледа дека се страшни и опасни и дека ги има многу. А тие го прават само тоа што секој пес умее да го прави. Ја користат нашата слабост за да се протнат како црни ѓаволи и низ најмало дупче и да се извлечат.

Како и сите касапски кучиња кога ќе ги подбереме тие безглаво ќе избегаат квичејќи и со подвиткана опашка под стомакот назад на улица, каде што и припаѓаат. Ако ги притиснеме во ќош ќе се бранат касајќи до смрт. Оттаму, можеби е умно да им оставиме малку простор за да избегаат и малку време за да се здават самите меѓу себе. Но, денес, никој нема право да отстапи и да им ја пружи раката за помирување! Ова се касапски кучиња и ако им дозволиме ќе ни ја одгризат пружената рака.

И уште нешто! Мачката на Питер Ван Хојте вели дека се идентификувани злосторниците и сега треба само да се изолираат. Тоа е нужно, но не е доволно. Треба нашиов народ да направи уште еден историски потфат и преврат на свеста – да ги идентификува не само злосторниците, туку да ги идентификува и чесните, добрите и умните. А тоа е потешкиот дел.

Монтажи (од филмот Reservoir Dogs, 1992): Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото