Тензично пред кривичен: и по четири часа протестирање, сѐ уште нема сендвичи

20.06.2016 14:49
Тензично пред кривичен: и по четири часа протестирање, сѐ уште нема сендвичи

Скопје, 20 јуни 2016

Атмосферата пред судовите во Скопје дополнително се вжештила откако една група демонстранти почнала гласно да негодува затоа што и после четири часа протестирање се уште не се стигнати седнвичите кои се традиционален орнамент на ваквите собири.

Репортерите на Коза Ностра јавуваат дека десетици луѓе гласно негодувале заради отсуството на сендвичи. Сепак, од организаторите им било ветено дека наскоро ќе стигне и топлиот оброк, по што ситуацијата во моментов е мирна.

Извор: kozanostra.net