Десет нешта кои треба да ги знаете за Демиен Хирст во пресрет на неговата скопска изложба

23.06.2016 11:16
Десет нешта кои треба да ги знаете за Демиен Хирст во пресрет на неговата скопска изложба

1. Тој е движечка сила на неговата генерација

Хирст е главниот инструменталист во подемот на британската уметност низ 90-тите. На пример, изложбата во 1988 која тој ја организирал (Freeze), сега е нашироко почитувана како прва експресија на новата генерација во британската уметност, лансирајќи ги кариерите на уметници како Mat Collishaw, Ian Davenport, Anya Gallaccio, Gary Hume, Sarah Lucas and Fiona Rae.

2. Тој не секогаш ги создава своите уметнички дела

Традиција продолжена од ателјеата и работилниците на големите мајстори како Леонардо, Рубенс, Енди Ворхол – Хирст има голем студио тим, кој работи на неговите grand–scale проекти. Но, не е секогаш така; фотографии од средината на 90-тите го покажуваат во заштитно одело и гасмаска, до колена во формалдехид.

3. Неговите уметнички дела се вистински културни икони

Животните во стаклени резервоари (ајкула, крави, овца); точкастите и циркуларни слики се веднаш препознатливи и без да се види потписот на Хирст.

4. Тој не е само „Господин Смрт“

Познатата фотографија „Со мртви глави“, го покажува 16-годишниот Хирст како очигледно се шегува со отсечена глава. Всушност, неговото подбивање е чиста нервоза, зашто подоцна ќе признае дека бил исплашен од ситуацијата. Додека за медиумите асоцијација за Хирст е неговата работа поврзана со смртта, тој всушност прави исто толку дела поврзани со љубовта, и неговиот пристап колку што е аналитичен, толку е и поетичен.

5. Тој создава повеќе од визуелна уметност

Хирст често работи надвор од традиционалните граници на фината уметност; има направено поп видео за Blur, дизајнирано албум кавер за Дејв Стјуарт и е член на поп групата Fat Les, која ги разбранува британските топ листи со нивната химна за светскиот куп „Vindaloo“ во 1998. Тој е дизајнер и ко-сопственик на лондонскиот ресторан Pharmacy.

6. Неговите адвокати се постојано зафатени

Хирст често се наоѓа себеси како се расправа со работи поврзани со законот: понекогаш низ вознемирувања на јавниот ред – произлезени од неговиот ентузијазам за соблекување во јавност, а понекогаш низ авторските права. Неговата огромна скулптура „Химна“ е базирана на детска играчка, чиј дизајнер ја украл идејата од Хирст. Но, тој ја средил работата пријателски со донација во добротворни цели.

7. Тој ја стави уметноста повторно на мапа

Хирст е првата вистинска арт ѕвезда што го трасираше патот за своите следбеници.

8. Неговата уметност е енормно влијателна

Во изминатата декада, работата на Хирст е цитирана, копирана, плагирана, потполно „откината“ од безброј индивидуалци, рекламни агенции и корпорации.

9. Тој ја сака својата мајка

Хирст ја носи својата мајка на сите негови битни отворања. Така, таа стана позната личност, која често зборува во медиумите за работата на нејзиниот син. Кога му се пожалила дека таа ја нема „вистинската куќа за современа уметност“, тој ѝ направил мала слика во ренесансен стил, работена по слика на Делакроа, далеку од неговиот вообичаен стил.

10. Тој ги врати големите теми назад во уметноста

Пред Хирст да се појави, голем дел од актуелната уметност беше екстремно сува и теоретична. Тој инјектираше живот, смрт и љубов во минимализмот со неговите скулптури во стаклени резервоари, и ја врати емоцијата повторно во уметноста. Не беше баш така дотогаш!

ОкоБоли главаВицФото