Дваесет и четири должини

24.06.2016 15:40

Девојка во бикини
и со водоотпорна маскара
ми се приклучува во бавната лентa:
пливаме градно од левата страна.
Додека ја терам седмата должина
на поминување ме допира
на подлактицата. На деветтата
ѝ го допирам глуждот.
Добро е издепилирана.
Под водата изгледа увеличана:
со широки колкови,
би можел да застанам
врз нив на раце. Ножните прсти
ѝ се лакирани. На четиринаесеттата
ми мава шут во бутот
но продолжува да плива.
Застанувам во плиткото,
гледам тенок млаз крв
ми тече низ ногата.
Околу раката ми стои клучот од шкафчето.
Го притискам врз раната
дури не ја згаснам како дувната свеќа.
Само пливам и пливам
и не сум уморен.

Превод: Ивана Галапчева

Оригиналната песна

Џо Данторн е велшки романописец, поет и новинар. Стекнува слава со романот „Подморница“, за кој е снимен и филм во 2010 година. Вториот роман „Диво напуштање“ го објавува во 2011 година. Во серијалот Фејбр Њу Поетс објавува збирка песни. Живее во Лондон. Игра за фудбалската репрезентација на британски писатели.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото