Јагма за крв: Да ви го преведам новиот текст на Мирка

27.06.2016 02:13
Јагма за крв: Да ви го преведам новиот текст на Мирка

„Нашиве политичари кокодакаат досаден рефрен за безалтернативни ЕУ, НАТО-опции и слепа послушност, а „авторитетот“ Жан Kлод Јункер на трезно, во име на ЕУ, во Санкт Петербург на светскиот економски форум 'духовито' се раскурчува пред Путин со изјавата 'не е секси, но е нужност'. Во нивните кабинети централно место како спиритуална икона или свети мошти има нивната фотографија со некој американски амбасадор.“

Превод: Доста им се упикувате на НАТО и ЕУ, земете и пуштете ѝ полиција на Шарената револуција, искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„Kој води партиска политика? Врз основа на што се поддржува ќутењето со громогласен молк? Никола Тодоров неодамна заклучи дека СДСМ и куртон-револуционерите се борат за интересите на богатите наспроти сиромашниот народ. Убаво, де. И точно. Ама испушти да ни каже што прави за тоа време ВМРО-ДПМНЕ?“

Превод: Земете ја ситуацијата во свои раце, доста беше зборување, земете и пуштете ѝ полиција на Шарената револуција. Искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„За што, како и дали воопшто се бори сега формално владејачката народна партија? Белки не го сметаат главните фаци за борба катадневното повторување дека Заев пак излажал, дека СДСМ одработува за туѓи интереси и сл. Мазохизмот во кој раководството на оваа партија н` внесе со партиските одлуки, а преку пржинскиот 'договор', хаваријата на уставниот и институционалниот поредок изведена со потпис на четири партиски главатари без мандат за ваква операција, проследено со јавна и медиумска штама по ефектите, е еднаква на она што го работи црпнатата групировка на 'Бихаќска'.“

Превод: Однесувајте се како ставрно да сте власт, погазете го Договорот од Пржино, земете и пуштете ѝ полиција на Шарената револуција, искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„Сите велат дека на крајот на избори за судбината на државата ќе одлучи гласачот. Но, тие што се борат за неговиот глас избегнуваат да говорат јасно и гласно за реалноста. Сè што работат, работат тајно, зад грбот на гласачот. Нема комуникација, нема отвореност и одважност. Само фрази и општи места.“

Превод: Направете уште едни криминални избори, ама пред тоа земете и пуштете ѝ полиција на Шарената револуција, искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„На македонските гласачи веќе извесно време им е јасно дека СДСМ како политичка партија со идеолошка подлога не постои. Ја има само формално-правно по инерција. Фактички дише на апарат во сопственост на амбасадите на САД и Велика Британија. Kопчето е кај Бејли.“

Превод: СДСМ се предавници, можете и нив да ги испозатворите, ама пред тоа земете, пуштете ѝ полиција на Шарената револуција, искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„Проблемот е што ни ВМРО-ДПМНЕ извесно време веќе не покажува знаци на полнокрвен живот. Партискиот главатар, очигледно во негов стил, нетранспарентно етапно се дистанцира од челната позиција. По сите досегашни знаци се подготвува да демисионира од позицијата партиски претседател. Работи на терен како активист одговорен за комунални работи. Нема веќе ни трага од државнички ангажман.“

Превод: Немојте да сте меки, да работите од позадина, да се однесувате како комуналци, претставете се како „државници“ и земете, пуштете ѝ полиција на Шарената револуција, искршете ги од ќотек и поапсете што повеќе можете од нив.

„Еве, сега е во тек и (владино) партиско кадровско „освежување“, ама нема ни збор за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја освежува и својата партиска политика која стана досадна и еднолиниски конзервирана. Нели кога-тогаш ќе имало избори? Така им ветиле „гарантите“ Бејли, Орав и „демократот“ Гарет. Според тоа како оваа партија ја „води“ политиката среде куртон-револуцијата, по сè изгледа дека се подготвува да оди во опозиција под присила на САД.“

Превод: (види го претходниот превод)

„Значи, каков политички избор ќе имаме кога и да ни одобри Вашингтон, ако немаме автохтони македонски политичари што ќе одговараат пред нас, а не пред странци? Прашањето е реторичко. Одговорот е познат. Само идните самоодбранбени акции на нападнатиот македонски организам се фактор икс.“

Превод: Ако вие не земете да ѝ пуштите полиција на Шарената револуција, ако не ги искршите од ќотек, ако не поапсите што повеќе можете од нив, тогаш јас ќе најдам криминалци и бандити и ќе пробам да направам граѓанска војна.

Извор: anfasblog.wordpress.com
Слики: Свирачиња